Рекордно ниво на квотата на навработеност во еврозоната
2 април 2012Вкупно во 17-те земји на еврото 17,1 милиони луѓе се без вработување. Во јануари квотата на невработеност изнесуваше 10,7 отсто, додека во истиот месец минатата година невработени беа десет проценти луѓе. Февруари е осми месец по ред кога е забележан пораст на невработеноста во еврозоната.
Нешто подобра од ситуацијата во 17-те земји на еврото е просечната невработеност во целата Европска унија. Во Унијата во февруари годинава беа невработени 10,2 проценти односно 24,55 милиони луѓе.
Најсилно погодена од негативниот тренд е Шпанија (23,6). Во оваа земја невработеноста кај младите под 25 години изнесува дури 50,5 отсто. Во Грција во декември 2011-та годиниа беа регистрирани 21 процент невработени. Германија со невработеност од 5,87 проценти е на четврто место во еврозоната, зад Австрија (4,2), Холандија (4,9) и Луксембург (5,2).