Рекордна цена за еден од најголемите дијаманти | Панорама | DW | 15.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Рекордна цена за еден од најголемите дијаманти

Бел дијамант од 163,41 карат во Женева беше продаден на аукција за околу 30 милиони евра. Купувачот е анонимен.

Анонимен купувач на наддавањето во организација на аукциската куќа Кристис во Женева телефонски понуди највисока цена и го купи белиот дијамант за 28, 7 милиони евра. Безбојниот дијамант од 163,41 карат е дел од смарагдниот и дијамантски гердан Грисогоно (The Art of Grisogono), накит кој, според Кристис, претставува „маестрално дело со неспоредлива убавина и извонредна уметничка изработка“. Експертите сепак беа разочарани, со оглед на тоа што очекуваа постигнување цена од 50 милиони долари.

Гледај видео 01:18

30 милиони евра за дијамант

Безбојниот дијамант со исклучителна чистота, во редот на најголемите досега пронајдени необработени дијаманти го зазема 27. место. Каменот бил пронајден во февруари во рудникот Луло во Ангола. По меѓустаниците во „дијамантската престолнина“ Антверпен и екстравагантната обработка во Њујорк, дијамантот крајно беше дооформен во швајцарската јувелирница Грисогоно и интегриран во ексклузивен гердан.

Втор врв на вчерашната аукција во Женева беше наддавањето за еден розев дијамант од 19,7 карати, кој ги красел круните на бројни француски кралици и кралеви, како Луј 14 и Луј 16, и Наполеон. „Grand Mazarin" , наречен според италијанскиот кардинал Мазарин. Тој беше продаден за околу 12,3 милиони евра.

 

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама