Рекорден раст на германскиот долг, расте и стравот од инфлација | Информации и анализи за Германија | DW | 29.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Рекорден раст на германскиот долг, расте и стравот од инфлација

Статистиката не забележала толкав раст на државниот долг на Германија, како оној во првата година од пандемијата: 14,4 проценти. Експерти уверуваат дека тоа не е проблем, но не се сите толку оптимистични.

Долгот, кој на крајот на 2020 година го натрупа јавниот сектор во Германија на сите нивоа, значи сојузната влада, покраините и општините, изнесуваше 2 билиони и 172,9 милијарди евра. Тоа е долг кон приватните финансиски институции, фондовите или други претпријатија, како во Германија, така и надвор од неа.

Германскиот завод за статистика никогаш не забележал таква експлозија на долг: во годината на избивање на пандемијата тој се зголеми за 273,8 милијарди евра, значи цели 14,4 отсто. Пресметано по жител, секој граѓанин на Германија сега просечно ги притиска долг од 26.141 евра - на крајот на 2019 долгот изнесуваше „само“ 22.860 евра.

Таквиот рекорд не би требало посебно да го изненади никого: и прокрај „замрзнувањето“ на економијата со мерките против пандемијата, државата ја отвори касата како никогаш досега, со поддршка и со други мерки за да спречат откази и одење на фирми во стечај.

Повеќе:

-Духот на инфлацијата кружи низ целиот свет

-Банкроти поради корона: 25.000 компании ќе стават клуч на врата?

-Германската економија со пад од пет проценти во 2020

Тоа пред сѐ беше одлука на сојузната германска влада, па така нејзиниот долг и најмногу порасна- за 18,1 отсто. Сите 16 германски покраини беа малку повнимателни, нивниот долг се зголеми просечно за 9,8 насто, на 636 милијарди евра.

Дали е тоа навистина безопасно?

Економските стручњаци тврдат дека нема причина за загриженост, и покрај неславниот рекорд во задолжување. Себастијан Дулиен, научен дирактор на Институтот за макроекономија и истражување на конјунктурата од Фондацијата Ханс Беклер, институција блиска на германските синдикати, вели дека и во тоа задолжување, колку и да изгледа „масивно“, „економски нема простор за загриженост“. Стапката на задолжување на Германија, значи односот кон БДП, и вака е „значително пониска отколку по финансиската криза во 2012  и во наредната, 2022 година, лесно и брзо би можела да се намали“.

Меѓутоа, не се сите толку оптимистични. Кристијан Дир, потпретседател на пратеничката група на Либералната партија  во Бундестагот предупредува на старото правило. „Кога државата сѐ повеќе се задолжува, тоа лесно може да доведе до поголема инфлација“. Токму денеска  во својата прелиминарна проценка германскиот завод за статистика истакна дека инфлацијата во земјата значително се зголемила во јули и за првпат по 13 години ја надминала границата од три проценти. Потрошувачките цени биле за 3,8 проценти повисоки од истиот месец минатата година, објави Сојузниот завод за статистика.  

Растот на инвлацијата е забележлив веќе некое време, бидејќи во процесот на опоравување на економијата по пандемијата, а поради тешкотиите во испораките, и цените во некои случаи драстично пораснаа. Можеме значи да се надеваме дека економските стручњаци ќе бидат во право кога тврдат оти тоа е само минливо поскапување, но притоа би требало да се има предвид дека Германија нема своја валута. Еврото е заедничка валута, а меѓу државите во еврозоната има многу кои, исто така, западнаа во нови, огромни долгови.