Резултати од новата истрага за смртта на Трајковски најдоцна за еден месец | Македонија | DW | 08.01.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Резултати од новата истрага за смртта на Трајковски најдоцна за еден месец

Комисијата која врши нова истрага за авионската несреќа во која загина екс македонскиот претседател Борис Трајковски ја заврши работата. Детали ќе бидат соопштени спроти одбележувањето на 10-годишнината од несреќата

Заврши новата истрага за авионската несреќа од февруари 2004. година во која загина поранешниот македонски претседателот Борис Трајковски,

„Истрагата е завршена. Во тек се последните технички формалности. Најдоцна за еден месец, тимот истражители ќе дојде во Скопје и на јавноста ќе и‘ ги презентира фактите“, изјави претседателот на Комисијата, Омер Кулиќ за Македонската радио телевизија. Истрагата во најголем дел се разликува од првичната според која вината за несреќата беше лоцирана кај пилотите кои загинаа. Со симулација на автентичен лет на релација Скопје – Мостар, истражителите утврдиле отстапување од процедурите за летање, а проблеми лоцирале и во инструментите за навигација.

Извештајот ќе биде доставен до Обвинителството кое по него ќе постапува и ќе утврдува дали има поединечна или колективна одговорност.

Wrack von der Präsidentenmaschine Boris Trajkovski

Истрагата за падот на „Кингерот“ беше повторно отворена на барање на Македонија откако се добиени дополнителни докази.

Авионската несреќа во која загинаа претседателот Трајковски, придружната делегација и екипажот се случи на 26. февруари 2004. година на подрачјето на село Ротимље во близина на Мостар.

Според резултатите од првата истрага, причина за несреќата беа „процедурални грешки на пилотите во фазата на слетување на мостарскиот аеродром“.