Редок силен земјотрес близу метрополата Мелбурн | Свет | DW | 22.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Редок силен земјотрес близу метрополата Мелбурн

Во Австралија се тресеше земјата- што е вистински ретка појава. Тоа беше еден од најсилните земјотреси досега регистрирани во земјата. Според првичните извештаи предизвикани се само мали материјални штети.

Земјотрес со магнитуда 6 беше почувствуван денеска југоисточна Австралија во областа околу милионскиот град Мелбурн, јави американскиот Геолошки институт (УСГС), а на социјалните мрежи беа пренесени сцени од жителите како излегуваат во паника од куќите и зградите. 

Потресот, чиј епицентар бил на длабочина од само десетина километри, ги тресеше зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град.

Австралискиот премиер Скот Морисон во реакција од Њујорк рече дека нема жртви ниту поголеми штети. Сепак, премиерот укажа на „многу вознемирувачката“ страна на земјотресот за населението во зона како Австралија, каде луѓето не се навикнати на земјотреси.

Облакодерите во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн се нишаа во силниот земјотрес

Облакодерите во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн се нишаа во силниот земјотрес

„Седев на мојата работна маса ... ми требаше време да сфатам што е тоа“, изјави градоначалникот на Менсфилд, Марк Холкомб, место во близина на епицентарот, за телевизијата Еј-Би-Си. Спасувачките служби добија повици за помош до местото Дабо, на околу 700 километри од епицентарот на земјотресот.

Втор последователен земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала се случил по првиот земјотрес.

За разлика од соседната островска држава Нов Зеланд, посилни земјотреси се невообичаени за Австралија.  Мрежата ГеоНет токму од Нов Зеланд објави дека ова билнајсилниот земјотрес на копното Австралија од 1997 година. Според американската геолошка служба (УСГС), ова бил само осми земјотрес во регионот со јачина од  над 5 степени по Рихтер од 1973 година наваму.