Револуцијата на Илон Маск: Визионерски тунел или хиперболизирана дупка? | Панорама | DW | 19.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Револуцијата на Илон Маск: Визионерски тунел или хиперболизирана дупка?

Илон Маск го претстави својот подземен транспортен тунел во вторникот, дозволувајќи им на репортерите и поканетите гости за првпат да се провозат низ револуционерниот, но и нерамен пат.

Гостите беа превезувани во Тесла Модел С до влезот на станицата во Лос Анџелес, каде е тунелот на Маск. Станицата, која е среде станбена населба, се состои од лифт кој полека го спушта возилото во подземјето, околу 9 метри под земјата. Небото повеќе не се гледа откако ќе се спуштите во изненадувачки тесниот тунел.
„Подготвени сме“, рече возачот, кој забрза низ тунелот откако се вклучи зеленото светло, а цевката заличуваше на нешто вселенско.

Возилото значително потскокнуваше за време на возењето, доволно за на еден новинар да му се слоши, а друг да извикува „Вуууу!“

Маск го опиша своето прво возење како „епско“.

„За мене тоа беше еурека момент. Беше: ова нешто навистина ќе функционира“, рече Маск пред новинарите.

Тој објасни дека возењето сега е непријатно затоа што немало доволно време и се појавиле проблеми со брзината на машината за рамнење.

„Ќе биде рамно како стакло. Ова е само прототип. Затоа е малку нерамно“, вели Маск.

Сообраќајна алтернатива?!

Идејата на милијардерот е подземните тунели во иднина да бидат замена за надземниот сообраќај.
„Сообраќајот ја уништува душата. Тој е како отров за душата“, вели Маск.
Според неговиот план, системот кој едноставно го нарекува „јамка“ (loop), може да функционира на поширокот ниво во градовите низ целиот свет.

USA Einweihung Hyperloop Testtunnel (picture-alliance/AP Images/R. Beck)

За возење низ тунелот ќе бидат потребни специјални додатоци за тркалата

Автономните, електрични возила се спуштаат во тунелот со лифтови, кои пак можат да бидат поставени насекаде. Возилата мора да бидат опремени со специјални странични тркала со цел да се адаптираат на тунелот. Според Маск, цената на таквите тркала ќе биде меѓу 200 и 300 долари за возило. 

Повеќе автономни возила ќе бидат постојано поставени во тунелите за да бидат користени од пешаци и велосипедисти.

„Ова е многу повеќе подземен автопат, одошто метро“, вели Маск. 

Возилата ќе мора да бидат автономни за да функционираат во системот, но не Тесла по секоја цена. Заради спречување на издувните гасови ќе се користат само електрични возила.

Пробните возења беа далеку побавни - околу 60 километри на час - во однос на најавата на Маск дека во тунелите ќе се патува со просечни 240 километри на час.

„Излуден од сообраќајот“

Сепак, и со мала брзина, минувањето на 1,6 километри од почетокот до крајот на тунелот траеше само три минути - истото време кое ни беше потребно да го напуштиме паркинг просторот и да излеземе на улица во Лос Анџелес кој е познат по својот неверојатно густ и бавен сообраќај.

USA Einweihung Hyperloop Testtunnel (picture-alliance/AP Images/R. Beck)

Влезот во тунелот во Лос Анџелес

Вчерашната (18.12.) презентација се случува точно две години откако Маск најави на Твитер дека „е излуден поради сообраќајот“ и дека „ќе изгради тунел со машина за дупчење и ќе копа без престан“.

За првиот приватен тунел, Маск откупил дупчалка која се користела за сличен проект во Сан Франциско и ја поставил под седиштето на неговата компанија СпејсИкс.

Еден од директорите на компаниите на Маск, Стив Дејвис вели дека постои огромен интерес за тунелските системи и дека добиваат меѓу 5 и 20 повици неделно од различни општини и заинтересирани страни.

Маск веќе планира изградба на еден систем во Лос Анџелес кој треба да го поврзе стадионот на бејзбол тимот Доџерс со три метро станици. Во Чикаго се планира поврзување на меѓународниот аеродром со центарот на градот. Маск се надева дека ќе добие дозвола од локалните власти за проектите, а планот му е потоа да продолжи со изградба на голем систем кој би се користел за време на Олимписките игри во ЛА во 2028 година.

DW.COM

Реклама