Рајс: време е да се создаде палестинска држава | Вести | DW | 16.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рајс: време е да се создаде палестинска држава

*

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах изјави дека е време за креирање палестинска држава:

„Искрено дојде време Палестинците да добијат своја држава. Време е и Израел да живее во безбедност која ќе дојде со стабилен и демократски сосед, изјави Рајс. Според неа Израел и Палестина никогаш како сега не соработувале толку блиску на изнаоѓање на мировно решение. И Абас го поддржа планот за усвојување на заедничка платформа со Израел, која би била основа за претстојната мировна конференција за Блискиот Исток закажана за следниот месец во САД.