Рација во Багдад – убиени ирачки полицајци | Вести | DW | 13.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рација во Багдад – убиени ирачки полицајци

*

Американските трупи во Ирак при рација против наводни ектремисти во Багдад убија шест ирачки полицајци. Американската команда соопшти дека во акцијата морале да бидат употребени борбени авиони. Покрај полицајците убиени се и повеќе терористи. При напад на бунтовниците врз министерството за внатршни работи убиени се пет чувари а повеќе лица се повредени.