Расте бројот на жртви во земјотресот во Иран и Ирак | Свет | DW | 13.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте бројот на жртви во земјотресот во Иран и Ирак

По силниот земјотрес во граничниот регион меѓу Иран и Ирак, бројот загинати се зголеми на преку 300, додека неколку илјади луѓе се повредени.

Силниот земјотрес во курдските области во граничниот регион меѓу Иран и северен Ирак однесе досега најмалку 300 жртви. Според иранското министерство за внатрешни работи, денеска е официјално потврдена бројката од преку 300 мртви и неколу илјади повредени лица. Ирачките власти пријавија шест загинати и околу 150 повредени луѓе во провинцијата Сулеманија. Се стравува дека бројот на загинати натамошно ќе расте.

Гледај видео 01:23

Стотици мртви во земјотресот на иранско-ирачката граница

Земјотресот кој се случи синоќа (12.11) на околу 30 километри југозападно од градот Халабџа во северниот дел од Ирак, имаше јачина од 7,3 степени. Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 25 километри и можел дваесетина секунди да биде почувствуван и во Багдад. Во градот Сулеманија во курдската област во Ирак луѓето панично бегале од своите куќи. Фотографиите од блискиот Дарбандичан прикажуваат урнати згради и ѕидови.

Iran Erdbeben (Getty Images/AFP/P. Pakizeh)

Спасувачки екипи во иранскиот град Сарпол-е Захаб

Во Иран од потресот се погодени повеќе градови, меѓу кои и Табрис, но посебно тешки последици има во градовите Каср-е Ширин, како и во Асгалех, како што јавува новинската агенција Ирна. Според неа, во многу места постои прекин на електричната енергија, а во погодените подрачја веднаш се испратени  30 тимови за помош од Црвената полумесечина.

Планинскиот граничен регион помеѓу Иран и Ирак често е потресуван од земјотреси. Во северен Иран во 1990. година во земјотрес со сила од 7,3 степени загинаа околу 40.000 луѓе, а околу 300.000 беа повредени. Во 2003. година од поголем потрес беше погоден историскиот град Бам, кога смртно настрадаа најмалку 31.000 луѓе.

 

  

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама