Расплаканиот Меси се прости од Барселона | Панорама | DW | 08.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Расплаканиот Меси се прости од Барселона

Лионел Меси се расплака додека се простуваше од својот долгогодишен клуб на прес-конференција во Барселона. Тој потврди дека е во преговори со Пари Сен Жермен.

На емотивната прес-конференција на 34-годишниот Аргентинец и претходеше соопштение од ФК Барселона дека клубот нема финансиски можности да го задржи Меси во своите редови по две децении минати во клубот.
Француските медиуми информираат дека вечерва или утре тој ќе отпатува во Париз каде треба да ги финализира деталите околу трансферот во ПСЖ.
Иако Меси не потврди дека дефинитивно ќе замине во парискиот клуб, тој рече дека неговите планови се да продолжи да игра додека е тоа можно и дека сака да освои уште еден трофеј во Лигата на шампионите.
Од ПСЖ одбија да потврдат дека се подготвуваат да потпиша договор со легендарниот фудбалер.

„Се обидов да се однесувам со скромност и почит и се надевам дека така ќе ме запаметат кога ќе го напуштам клубот“, рече емотивниот Меси, додека стотици навивачи со неговиот дрес се собираа пред стадионот Камп Ноу во Барселона да го поздрават играчот кого го нарекуваа Месија.
Меси почна да плаче кога се качи на бината каде ја одржуваше прес-конференцијата.


„Ова е најтешкиот момент во мојата кариера. Кога клубот ми кажа, јас се смрзнав. Ова е како да истуриле кофа со ладна вода врз мене и се уште не можам да прифатам“, рече тој плачејќи.
Претходно, Меси призна дека прифатил намалување на платата за половина само за да остане во Барселона. Но Барселона, чии долгови се над милијарда евра, не беше во можност да го потпише договорот поради ограничувањата наметнати од шпанската фудбалска лига.
Во 21 годишната кариера во клубот, Меси ги урна сите рекорди, постигнувајќи 682 гола и освои 35 трофеи.

DW.COM