Фотографија на денот: Почеток на рамазанскиот пост | Свет | DW | 13.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Почеток на рамазанскиот пост

Верниците од исламска вероисповед го почнуваат рамазанскиот пост.

Рамазан, еден од петте столбови на исламот, е во знакот на пандемијата на коронавирусот втора година по ред. Многу држави со мнозинско муслиманско население воведоа рестрикции за верниците. На пример, некаде молитвите треба да се прават во домовите, некаде во сила е полициски час.

На оваа #ФотографијаНаДенот индонезиски верници, почитувајќи го правилото за одржување дистанца, се собрани на вечерна молитва „таравих“ во Истиклал џамијата во Џакарта.