Ракетиран Израел, судири во појасот на Газа | Вести | DW | 27.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ракетиран Израел, судири во појасот на Газа

По ракетен напад на милитантни Палестинци врз израелска територија од повредите почина еден жител на градот Здерот. Ракета директно го погодила неговиот автомобил во движење во центарот на градот. Уште еден Израелец е полесно повреден. Врз градот, во кој во понеделникот исто така настрада една жена, овој -пат паднале четири ракети.

Претходно Иизраелското воздухопловство повторно нападна цели во појасот на Газа. Има најмалку петмина загинати Палестинци и исто толку повредени. Двајца Палестинци се убиени во престрелка со израелската полиција во Источен Ерусалим. Хамас ги означи израелските напади како објава на војна и се закани дека тие можат да влијаат врз судбината на израелскиот војник Гилад Шалит, кој веќе речиси една година е заложник на радикални Палестинци.