Разнобојни пејсажи- Најубавите есенски прошетки во Европа
Обележјето на есента е природата во сиот нејзин разнобоен сјај. Дозволете да ви покажеме на кои пешачки и планинарски патеки можете да уживате во најубавиот амбиент- од Австрија, преку Црна Гора до Англија.
Високата патека на Шладмингските Врвови, Австрија
Осумдневната турнеја по алпските колиби води низ фасцинантниот планински свет на источниот Тауерн масив. Помеѓу карпестите падини и благите тревни ридови лежат громогласни водопади и недопрени планински езера - како Унтере Гиглахзе, кое може да се види на фотографијата и се наоѓа во почетната фаза.
Националниот парк Дурмитор, Црна Гора
Во северна Црна Гора, националниот парк Дурмитор се издвојува од пејсажот. Тој е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО и дом на повеќе од 50 врвови со над 2.000 метри. Со своите импресивни долини, паркот ви нуди возбудливо пешачко доживување. Треба да знаете дека влезницата во него ќе ве чини 3 евра.
Виа Алпина, Швајцарија
Виа Алпина е класика во повеќедневните пешачки доживувања во Швајцарија. Се протега на површина од 390 километри од исток кон запад преку швајцарските Алпи. Особено наесен, 20 фази на патешествието нудат прекрасни сценографии, како оваа во Кандерштег.
Националниот парк Де Хоге Велуве, Холандија
Во овој национален парк ќе најдете бројни одбележани пешачки рути. Доколку сте во потрага по мир и пред се отворени простори, регионот Планкен Вамбуис е местото за вас. Патеката води низ тивки шуми, како и низ бескрајните пејсажи на ниските ридови на Еде.
Големото блато во Кемери, Латвија
Националниот парк Кемери е лоциран недалеку од латвискиот главен град Рига. Пешачките патеки над блатото се најдобар начин за истражување на околината без да ги наводените нозете. Прошетката можете да ја збогатите и со берење на брусницата која стасува тука наесен.
Мармолада, Италија
Планината Мармолада уште се нарекува и Кралица на Доломитите. Таа е дом на најголемиот глечер во целиот регион. За да стигнете до неа, најдобро е да возите преку Пасо Федаја, како што ви покажува и фотографијата. Веќе од таа точка можете да уживате во импозантниот поглед на масивот.
Шумскиот парк Толимор, Северна Ирска
Во Северна Ирска, Шумскиот парк Толимор ги дочекува планинарите кои трагаат по спокој. Во близина на Њукасл, Каунти Даун, различни тури ви нудат различни природни пејсажи. Низ реки или шуми, под водопади или по ридови- тука има за секого по нешто.
Езерска Област, Англија
Особено во магливата есен, недопрената Езерска област ве пречекува со своите сурови планини, мали села - и, се разбира, безбројните езера. Чувството е како да сте се нашле во сликовница кога ќе застанете да одморите со пиво во некоја од англиските колиби или пабови по долго пешачење.
Искачувањето Роткелшенштајге и карпите Шрамштајне, Саксонија
Во близина на Бад Шандау во германската покраина Саксонија се издигнува шилеста група на карпи со големина од околу 12 метри квадратни: Шрамштајне. Патеката Роткелшенштајге минува крај нив на југоисточната страна. Ова искачување е за поподготвените: треба да се минат карпи со издлабени тесни патеки, дрвени скалила како и стрмни искачувања. Наградата е овој прекрасен поглед.