Работа во Германија: Зошто толку долго се чека за работна виза? | Информации и анализи за Германија | DW | 16.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија

Работа во Германија: Зошто толку долго се чека за работна виза?

За работниците од Западен Балкан патот до работа во Германија често е крајно напорен. Поради преоптовареност на амбасадите и во конзулатите за да се поднесе барање за работна виза се чека во просек една година.

Според одговорот на германската Сојузната влада на барање на партијата Левица во Бундестагот, луѓето од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија мораат да чекаат во просек повеќе од една година за да се пријават за работна виза според „правилата за земјите од Западен Балкан“.

Како што пренесува германската агенција ДПА, причина за долгото чекање е преоптовареноста во германските амбасади.

Министерството за надворешни работи испрати дополнителен персонал, но побарувачката е толку голема што тоа не е доволно.

Повеќе:

-Новиот побрз пат до работа во Германија сѐ уште не е истапкан

-Работа во Германија: ништо без знаење на јазик

-Во Германија доаѓаат добро квалификувани работници од Македонија

Портпаролката на Левица во Бундестагот за внатрешнополитички прашања, Ула Јелпке, изјави дека поради неверојатно долгото траење на процесот за издавање визи „ни работниците ни работодавачите не можат сериозно да планираат“.

Цел беше да се спречат поднесувања на барања за азил

За време на бегалската криза кон крајот на 2015 година, Германската влада подготви посебен привремен план кој важи до крајот на 2020 година, кој отвора можност за добивање работни визи и за нискоквалификуваните работници од овие држави. Предуслов за добивање работна виза е доказ дека е обезбедена соодветна платена работа во германска фирма. Целта на овој привремен план беше да се спречи луѓето од Западен Балкан да поднесуваат неосновани барања за азил.

Сојузната агенција за вработување во 2018 година издаде неопходно одобрување за поднесување барања за виза во околу 46.000 предмети - од нив се доделени само околу 21.000 визи.

Не се планира продолжување

Засега нема планови за продолжување на овој „специјален план“ за визи за луѓето од Западен Балкан.

Според Сојузната влада, Сојузната агенција за вработување во 2018 година со проверка кај работодавачите утврдила дека кај 17 отсто од случаите - немало воопшто вработување. А, во 1.250 од над 17.000 испитани случаи е утврдено - оти платите биле пониски или работното време и конкретната работа биле поинакви во однос на она што е првобитно опишано во барањето за работна виза.

 

DW.COM

Реклама