Пјонгјанг повторно го заострува тонот кон Вашингтон | Свет | DW | 04.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пјонгјанг повторно го заострува тонот кон Вашингтон

Прво најдобри пријатели, потоа повторно вербални напади: Кратко по средбата на лидерите на САД, Доналд Трамп и на Северна Кореја, Ким Јонг Ун на севернокорејска територија, Пјонгјанг жестоко го критикуваше Вашингтон.

Мисијата на Северна Кореја во ОН ја обвини американската влада дека зборува за дијалог, но оти сѐ повеќе е решена да повлекува непријателски потези. Притоа посебно се истакнуваат американските напори за извршување на директен притисок врз државите да ги спроведуваат санкциите на ОН против Северна Кореја.

Конкретно, севернокорејската мисија се пожали на циркуларносто писмо кое САД, Велика Британија, Германија и Франција на 29 јуни им го испратија на сите членки на Обединетите нации и ги повикаа на репатријација на севернокорејските работници во странство, поттикнувајќи ја на тој начин атмосферата на санкции и на притисок врз Северна Кореја.

Повеќе:

-Со лесна нога низ минско поле

-Трамп и Ким: Многу театар, никаков напредок

-Трамп сега мора да се покаже

Во соопштението се додава дека ова не само што говори за реалноста дека САД се решени да изведуваат непријателски акти против Северна Кореја, иако говорат за дијалог, туку и тоа дека писмото го има испратено американската мисија во ОН по налог на Стејт Департментот во истиот ден кога претседателот Трамп го предложи самитот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Ким го прифати повикот и двајцата се сретнаа во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи, а Трамп во исто време стана првиот американски претседател кој стапнал на севернокорејска територија.

 

DW.COM

Реклама