Пуџдемон треба повторно да ја води каталонската влада | Свет | DW | 10.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пуџдемон треба повторно да ја води каталонската влада

Двете големи сепаратистички партии во Каталонија сакаат за шеф на владата повторно да го постават Карлес Пуџдемон. Тој е во егзил поради тоа што му се заканува затвор во Шпанија.

Двете големи партии кои се за независност на Каталонија, според меидумски извештаи, постигнале согласност за коалиција. На нејзиното чело треба да застане во октомври од власт симнатиот регионален претседател Карлес Пуџдемон, по кој шпанското правосудство издаде налог за апсење. Шпанските медиуми јавуваат дека согласноста за коалиција на вечера во Брисел ја постигнале Пуџдемон, како претседател на алијансата Заедно за Каталонија и човекот број два во левонационалистичката Републиканска левица во Каталонија (ЕРЦ), Марта Ровира.

Но, Заедно за Каталонија и ЕРЦ по изборите на 21 декември немаат мнозинство во регионалниот парламент и упатени се на леворадикалната ЦУП. Таа мора исто така да даде согласност за Пуџдемон како премиер или пак нејзините пратеници би морало да бидат воздржани во текот на гласањето.

Повеќе:

Шлаканица за Шпанија: Сепаратистите во Каталонија го одбранија апсолутното мнозинство

Шпанскиот крал: Не смее да има нови конфронтации

На крајот на октомври регионалниот пртеседател беше симнат од власт по одржувањето на, од страна на Шпанија, забранетиот референдум за независност и заклучокот за отцепување на Каталонија. Пуџдемон избега од истрагата на шпанското правосудство и сега се наоѓа во Белгија. Соочен е обвиненија за бунт, предизвикување немир и злоупотреба на јавни средства. Доколку се врати во земјата би бил соочен со долгогодишна затворска казна. Шефот на ЕРЦ, Уриол Жункерас и други сепаратисти се веќе во затвор.

Spanien Parlament in Barcelona Carles Puigdemont (Getty Images/D. Ramos)

Парламентот на Каталонија треба да се конституира наредната среда

На новите избори во декември сепаратистичките партии загубија дел од гласовите, но сепак имаат апсолутно мноизнство во парламентот во Барселона. Новиот парламент би требало да се констуитуира наредната среда.

DW.COM

Реклама