Пуџдемон не смее да се претвори во јунак | Свет | DW | 31.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пуџдемон не смее да се претвори во јунак

Карлес Пуџдемон отпатува за Белгија. Владата на Рахој наместо директно да ги уапси каталонските политичари и со тоа да предизвика немири, работи на поинаков начин.

Белгискиот адвокат Пол Бекарт, кој е специјализиран за прашања на азил, потврди дека разрешениот шеф на каталонската влада Карлес Пуџдемон го назначил формално за свој советник. Меѓутоа, досега не станало збор за барање на Пуџдемон на азил во Белгија, тврди адвокатот. Претходно, шпанското обвинителство покрена обвинение против Пуџдемон и други членови на разрешената каталонска влада поради предизвикување немир, бунт и злоупотреба на јавни средства.

„Чистење“ на институциите

Шпанскиот премиер Маријано Рахој постапува внимателно во Каталонија, што според многумина е мудро. На такво мислење се и поголемиот дел од медиумите: „По драматичните сцени од полициските акции од 1 октомври кои го обиколија светот, треба да се спречи во Каталонија и во меѓународни рамки повторно да се создаде впечаток како шпанската држава да ги угнетува Каталонците, или дури како што Пуџдемон повеќепати рече, да ја третира на тоталитарен начин и со тоа, како што тие постојано му префрлаат на Мадрид - да влегува постојано во шемата на дејствување на диктатурата на Франко.“

Цивилната гарда би требало да обезбеди „чистење“ на институциите од, како што се вели од владини претставници, „пропагандните добра“. Доколку регионалните службеници го блокираат пристапот кон објекти како парламентот, полицијата или судовите, тогаш ќе се интервенира, во спротивно само ќе се расчисти, се вели во владини кругови во Мадрид. Сите службеници кои ќе се спротивстават на наредбите и нема да придонесат за ова „чистење“, ќе мора да се соочат со кривична постапка и откази од работа. На ваков начин веќе е симнат од функција шефот на каталонската полиција Жозеп Луис Траперо. Тој е заменет од Феран Лопез.

Пуџдемон ќе се „удави во сопствената супа“?

Во таа смисла вчера не само што беше обелоденето дека мадридското обвинителство ќе ги гони екс-претставниците на каталонската влада и одговорните во каталонскиот парламент за кревање бунт, предизвикување немир и злоупотреба на службени средства, туку стана јасно и дека Пуџдемон со автомобил избегал за Франција, а оттаму со авион за Брисел. Тој бил во придружба на шестмина членови на својата разрешена влада. Во шпанските медиуми се шпекулира дека тој таму можеби ќе побара политички азил.

За да не заврши веднаш во притвор, тој и останатите обвинети треба да платат вкупно сума од над 6 милиони евра. „Она што го сака Рахој е бунтовниците да се удават во супата која си ја сварија сами“, вели Хавиер Моријас, професор по економија на католичкиот приватен универзитет во Мадрид, ЦЕУ Сан Пабло. Никој не треба да стане јунак, Рахој не сака трагедија. Тој сака, што е и природно, да постапува многу промислено.

Spanien Madrid - Premierminister Mariano Rajoy trifft zur Senatsdebatte ein (Reuters/S. Vera)

Шпанскиот премиер Рахој постапува внимателно

Сметката на Рахој досега се остварува

„Разрешената влада многупати не ги почитуваше законите, така што може да се констатира дека Каталонија се наоѓаше во тоталитарна, а не демократска состојба. Нормализацијата на правната состојба и повторното воспоставување на јавните функции може да се постигне само ако шпанската држава делува на лице место, но разбирливо е што тоа го прави тивко“, оценува Тим Вирт, германски адвокат на Мајорка, каде на викендот имаше помали собири на симпатизери на каталонската независност и барања за сличен „балеарски пат“.

Сметката на Рахој досега се остварува. На улиците нема безредија, сѐ е мирно. Многу симпатизери на каталонската култура и автономија, каков што е и Вирт, поради големиот број прекршувања на законите што во изминатите месци ги правеше сега разрешената каталонска влада, сѐ повеќе се префрлаа на страната на Рахој. Тоа е случај и со левичарското движење „Рекортес Зеро“: „Ние го критикувавме Рахој за многу работи, но тој не е виновен за актуелната ситуација во Каталонија. Единствените виновници се Пуџдемон и компанија“, вели Жоанен Куњат од „Рекортес Зеро“.

DW.COM

Реклама