Путин и неговите фанови на Балканот | Свет | DW | 27.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин и неговите фанови на Балканот

Додека рускиот претседател Путин е критикуван на Западот поради демократските дефицити и империјалистичката политика, во многу земји од Југоисточна Европа неговата ѕвезда силно свети. Груевски е негов фан, пишува ДПА.

Словенечкиот премиер Борут Пахор вели дека посетата на Путин на неговата земја не смее да се толкува како „словенечки нож во грбот“ на ЕУ и НАТО партнерите. Путин доаѓа во Словенија на 30 јули. За разлика од обидот на словенечките политичари да ја минимизираат посетата на Путин, некои други регионални лидери отворено го покажуваат своето воодушевување, пишува во анализата германската агенција ДПА.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан со концептот на „илибералната демократија“ уште од 2012 година го наведува Путин како свој пример. Тоа што Русија го финансира проширувањето на нуклеарната централа јужно од Будимпешта со 10 милијарди евра кредити, е логично продолжение на таа политика.

Груевски - фан на Путин

И Никола Груевски кој во последните десет години владее сѐ поавторитарно во Македонија е познат фан на Путин. За возврат, руското министерство за надворешни работи овој месец му излезе во пресрет со соопштение против протестите на неговите критичари. Силите кои се борат против Груевски се поддржани од ЕУ и САД со што „на Балканот започна еден процес на бесрамно мешање во внатрешните работи“, соопшти портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Кај јужниот сосед Грција историјата на односите со традиционалниот пријател Русија е обременета со многу разочарувања. Духовната блискост преку заедничката православна вера датира уште од времето на турската власт во 19. век. По Втората светска војна, Грците се почувствуваа изневерени откако СССР од геополитички причини ги поддржуваше комунистите во Граѓанската војна.

äsident Wladimir Putin und mazedonischer Ministerpräsident Nikola Gruevski Russland Mazedonien Sankt Petersburg

Никола Груевски е познат фан на Путин, тврди агенцијата ДПА

Разочарувањето траеше сѐ до последната егзистенцијална криза на еврото. Премиерот Алексис Ципрас минатата година двапати ја посети Москва во обид да обезбеди финансиска помош. И Путин се надеваше дека при посетата во јуни ќе успее да го договори купувањето на железницата, но не успеа. Таа им беше продадена на Италијанците.

Најревносните поддржувачи во Србија

Претседателот на Република Српска во БиХ, Милорад Додик се надева на кредити од Русија за да ја спаси својата земја од финансиски колапс. Засега нема индиции дека ќе успее во тоа. И Србите во Црна Гора, кои сочинуваат речиси половина од населението, се надеваат на помошта на големиот брат од Москва. Тие се спротивставуваат на влезот на нивната земја во НАТО и бараат референдумско изјаснување - знаејќи дека нема да има мнозинство за тоа.

Vucic bei Putin 08.07.2014

Александар Вучиќ и Владимир Путин

Најревносните поддржувачи на Путин сепак можат да се најдат во Србија. Претседателот Томислав Николиќ одамна се заложи неговата земја да биде дел од Русија. ЕУ-кандидатот Србија се спротивставува на санкциите кон Русија поради своето пријателство со Москва. Се одржуваат и заеднички воени вежби со Русија. Пред две години Путин во Белград беше пречекан со првата воена парада во последните 30 години. Семоќниот српски премиер Александар Вучиќ последен пат беше кај својот идол Путин во мај годинава.

Српските медиуми со години прикажуваат слика на Путин како светски миротворец. Тој се пресметува со тероризмот на Блискиот исток и се спротивставува на влијанието на Западот на Балканот. „Без Путин нема мир во Европа“, напиша во една прилика провладиниот „Информер“.

DW.COM

Реклама