Путин благодарен на Трамп за спречен терористички напад | Свет | DW | 18.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Путин благодарен на Трамп за спречен терористички напад

САД ѝ пренесле информации на Русија со кои е спречен смртоносен бомбашки напад во Санкт Петербург, соопштија американски и руски официјални претставници во неделата во несекојдневна јавна промоција на нивната соработка.

Рускиот претседател Владимир Путин му телефонирал на американскиот претседател Доналд Трамп за да му се заблагодари за информацијата, за која Кремљ вели дека спречила терористички напад врз црква во рускиот град Санкт Петербург, како и во други градови.

Белата Куќа не откри детали за заканата, но соопшти дека нападот можел „да убие голем број луѓе“. Ни Кремљ, ниту Белата Куќа не ги идентификуваа можните напаѓачи.
Предупредувањето од САД им овозможило на руските безбедносни служби да ги уапсат осомничените пред да ги реализираат своите планови, соопштија Белата Куќа и Кремљ. 

Повеќе на темата: 

Путин, Трамп и принципот на ситни чекори

Путин и Трамп во Виетнам: од лошо - полошо
Односите меѓу Вашингтон и Москва долго се напрегнати поради несогласувањата околу војните во Украина и Сирија, иако Трамп во предизборната кампања најавуваше дека ќе се залага за нивно подобрување. Односите дополнително ги компликуваат обвинувањата од САД - кои Русија ги отфрла - дека Москва се мешала во претседателските избори во САД.

Christlich-Orthodoxes Weihnachtsfest 2012 2013 (Reuters)

Катедралната црква Казански во Санкт Петербург

Руски претставници велат дека Путин верува оти Трамп не е виновен за тензиите.

Телефонскиот разговор во неделата меѓу Путин и Трамп е најмалку вториот во изминатата недела. Претходно, во четвртокот, двајцата претседатели разговарале за кризата во Северна Кореја.

Спречениот напад требало да биде извршен врз катедралата Казански во Санкт Петербург, и на други локации во градот каде масовно се собираат луѓе, се вели во соопштението од Кремљ. Катедралата е и популарно туристичко место.

Русија во повеќе наврати беше цел на напади на исламистички милитантни групи, вклучително и нападот во април годинава, во кој со експлозив беше нападнат воз во метрото во Санкт Петербург и притоа загинаа 14 луѓе.

DW.COM

Реклама