Пустец: „Целиот отпад оди во селото и во езерото“ | Северна Македонија | DW | 15.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Пустец: „Целиот отпад оди во селото и во езерото“

На Преспанското Езеро од албанска страна има дива депонија која се наоѓа на само еден километар од селото Пустец. Ѓубрето ја загадува почвата, а кога вее ветер, велат мештаните, тоа завршува во селото и во езерото.

Во непосредна близина на прекрасното село Пустец, на албанската страна од Преспанското Езеро, има дива депонија. Mештаните велат дека отпадот порано се собирал и ситуацијата била подобра. 

Balkan Booster Projekt (DW)

Депонијата е на само километар од куќите во Пустец

Лазјон Петри, локален консултант за животна средина, потенцира дека Албанија „официјално има Закон за интегрирано менаџирање со отпадот и целиот отпад од овој регион треба да биде собран во депонијата кај местото Малиќ. Зошто тоа не се случува и кој е виновникот за тоа, е големо прашање.“

Balkan Booster Projekt (DW)

Порано отпадот се собирал, а сега?

Според Петри, депонијата е проблем за туризмот, а, освен тоа, загадената почва влијае врз ланецот на исхрана и здравјето на луѓето.

Повеќе за ситуацијата со отпадот во и околу Пустец, во видеото:

Гледај видео 03:07

#dw_BalkanBooster во Пустец: „Отпадот оди во селото и во езерото“

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама