Пукање во универзитет во Русија – шест загинати | Свет | DW | 20.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пукање во универзитет во Русија – шест загинати

Студент отворил оган во универзитет во градот Перм на Урал, убивајќи најмалку шест лица. Напаѓачот е ранет и се наоѓа во болница.

Истражителите го коригираа бројот на жртви во нападот во универзитет во градот Перм. Првично беше соопштено дека има најмалку осум мртви и околу 20 ранети лица, како што јави новинската агенција Интерфакс, но подоцна бројката е коригирана на шест мртви, според официјални наводи од извори од истрагата.  

Нејаснотии имаше и околу судбината на напаѓачот. Според универзитетот, напаѓачот, кој бил студент, бил убиен, но подоцна ова тврдење е избришано од интернет-страницата на универзитетот. Според најнови  информации, напаѓачот е ранет и е пренесен во болница.

На видеа на социјалната мрежа Телеграм се гледа како луѓе скокаат од прозорците од универзитетската зграда. Внатре во просториите во зградата студентите се забарикадирале потпирајќи ги вратите со столици и маси. Од нив било побарано да се заклучат во предавалните, а професорите се засолниле во своите канцеларии пред маскираниот напаѓач.  Не е познато кој е мотивот за нападот во универзитетот во Перм, град на 1200 километри источно од Москва, започната е истрага за убиство.

(Текстот е актуелизиран)

Поврзана содржина