Протестно писмо против новите планови на Гугл за Кина | Економија | DW | 17.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Протестно писмо против новите планови на Гугл за Кина

Гугл планира да се врати на цензурираниот кинески пазар. Според мислењето на многу вработени во американскиот интернет концерн, тоа е спротивно на сопствените етички правила. Тие упатија протестно писмо.

Тоа не би било првпат вработените да ги спречат плановите на интернет-гигантот Гугл. По протестите на вработените, Гугл неодамна мораше да се откаже од соработката со американската војска за проект за беспилотни летала.

Сега пак, преку 1000 вработени во американската компанија потпишаа протесно писмо поради тајниот план на раководството на фирмата за изработка на пребарувач кој е во согласност со строгите киниески правила за цензура.

Вработените во писмото ги повикаа директорите на Гугл да ги разгледат прашањата за етика и транспарентност во компанијата.

Во писмото се наведува дека вработените не добиваат информации кои им се потребни за донесување етички одлуки во врска со работата, и изразуваат незадоволство поради тоа што поголем број вработени од медиумите дознале за овој проект, чие име е Драгонфлај (Dragonfly).

Содржината на писмото ја потврди неименуван вработен во Гугл кој го организирал потпишувањето.

Слично писмо потпишаа илјадници вработени во Гугл, протестирајќи против проектот Мејвен (Maven), договор со американската војска кој компанијата во јуни реши да не го обнови.

 

DW.COM

Реклама