Протести и апсења по заострувањето на забраната за абортус во Полска | Свет | DW | 23.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Протести и апсења по заострувањето на забраната за абортус во Полска

Полска речиси целосно го забрани абортусот. Тоа предизвика револт и протести ширум земјата, Полицијата соопши дека се уапсени најмалку 15 лица.

Полскиот Уставнен суд вчера одлучи дека абортусот поради дефект на фетусот е неуставен, со што ја забрани најчестата од неколку законски основи за прекинување на бременоста во оваа доминантно католичка земја.

Кога пресудата ќе стапи во сила, абортусот во Полска ќе биде дозволен единствено во случај на силување, инцест или поради закана за здравјето и животот на мајката, што претходните години беа причина за околу 2 отсто легални прекинувања на бременоста во Полска.

Polen Verfassungsgericht Warschau

Уставен суд на Полска

Одлуката на судот поттикна протести ширум земјата. Вчера вечерта стотици граѓани се собраа пред Уставниот суд во Варшава, а помали протести имаше и во Краков, Лоѓ и во Шчечин. 

Повеќе:

-Алабама: Безобѕирна битка околу абортусот врз грбот на жените

-Крај на стриктната забрана на абортус во Ирска

-Похуманиот пат на Полска: Казните за абортус не носат ништо

Според новинската агенција ПАП, демонстрантите носеле транспаренти со натписи „Имате крв на наметката“ или „Законот треба да не заштити“. 

Полицијата ги спречи демонстрантите да стигнат во куќата на вицепремиерот и претседател на владејачката Партија на законот и правдата (ПиС), Јарослав Качински. Имало и помали судири со безбедносните сили. Полската полиција соопшти дека уапсила 15 лица. 

Комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ, изјави дека тоа е „тажен ден за правата на жените“. „Укинувањето на основата за речиси сите законски абортуси во Полска претставува кршење на човековите права. Пресудата на Уставниот суд значи нелегални или абортуси во странство за оние кои можат да си го дозволат тоа и уште поголемо мачење за сите останати“, изјави вчера Мијатовиќ.

 

Реклама