Пророкот Солженицин | Свет | DW | 06.08.2008
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пророкот Солженицин

Денеска е погребот на рускиот писател и нобеловец, Александар Солженицин, човекот што целиот живот не отстапи од своите вредности

default

Александар Солженицин

Со неговото име се поврзани многу титули - литературен гигант, дисидент, борец за човекови права, пророк, морална инстанца, опоменувач. Поради неговата храброст да им се спротивстави на комунистичките диктатори во Советскиот сојуз има голем број восхитувачи во светот. Ниту една закана, ниту една затворска казна, дури ни протерувањето не можеа да го сопрат да ја каже вистината и да пишува за тоа што се случуваше во поранешниот Источен блок.

Солженцин најмногу се интересираше за темата - вредности

Ги мразеше лагите и против нив се бореше на свој начин - со пишаниот збор. Комунистите не ја кажаа вистината за т.н. Октомвриска револуција. Солженицин го симна митот и окупацијата на власта од страна на послушниците на Ленин и Троцки го окракатеризира како државен пуч. Долго време властодршците во Кремљ ја претставуваа т.н. прва држава во светот на работниците и селаните како да е рај на земјата. Солженицин во неговиот текст „Во првиот круг на пеколот“ и во други дела ја пишуваше вистината за животот на милиони недолжни луѓе во затвореничките кампови на црвената империја. По пропаѓањето на СССР новите господари во Москва се капеа во самобендисаност. Александар Солженицин повторно се јави за збор. Ја критикуваше неспособноста да се стабилизира економијата во земјата, го камшикуваше грабливиот капитализам кој ги уништуваше руските богатства.

Солженицин и за западот не беше едноставен партнер

Тој беше демократ, но ги критикуваше негативните страни на партискиот систем. Тој ги предупреди сонародниците да не го имитираат западот. Солженицин беше непоколеблив христијанин, член на руската православна црква. Многумина на западот со тоа не можеа да излезат на крај, црквата се залага за морална ригорозност, која не одговара баш на релативистичкиот дух на совремието. Писателот со брада и сериозен поглед беше клеветен целиот живот. Тој тоа го поднесуваше трпеливо, со зачудувачка дисциплина се концентрираше на работата. Медиумите, телевизијата и весниците, како стануваше постар ги избегнуваше се‘ повеќе.

Со смртта на Солженицин Русија губи патриот, а Германија пријател

Не може да се заборави фактот дека комунистите во 1974 година го протераа Солженицин токму во Германија, каде во прво време живееше кај пријателот литерат, Хајнрох Бол. Солжениците ја сакаше и ја познаваше германската култура. Се обиде колку што можеше да им ја приближи на неговите деца. Како припадник на генерацијата која учествуваше во втората светска војна, цел живот се залагаше за помирување на двата големи народа. Како што еднаш напиша: „Ми стана јасно дека линијата која го разграничува доброто од лошото не минува меѓу државите, ниту меѓу класите, ни меѓу партиите, туку низ секое човечко срце.“

Реклама