Пропагандна војна помеѓу Кина и САД: Чиј е коронавирусот? | Свет | DW | 24.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пропагандна војна помеѓу Кина и САД: Чиј е коронавирусот?

Додека Доналд Трамп и натаму зборува за „кинески вирус“, кинеската влада се држи до својата пропагандна приказна. Според неа, американската армија би можела да биде таа која во Вухан го донесла новиот коронавирус.

Кога американскиот претседател Доналд Трамп на своите дневни прес-конференции зборува за коронавирусот, тој најчесто ја користи формулацијата „кинески вирус“. Тоа во Пекинг предизвикува редовно рефлексни бесни реакции. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Генг Шуанг, неодамна рече:

„Во последно време некои луѓе во САД намерно го опишуваат коронавирусот како ’кинески вирус’ и со тоа ја стигматизираат Кина. Кинезите се лути и на тоа се спротивставуваат жестоко. И обвинувањата дека Кина не е отворена и транспарентна немаат ништо заедничко со фактите.“

USA Washington | Coronavirus | Donald Trump, Präsident (Reuters/L. Millis)

Трамп зборува за „кинески вирус“

Оваа претстава се одвива околу две недели. Пропагандна војна помеѓу Кина и САД околу потеклото на вирусот. Портпаролот на кинеското МНР, Жао Лиџијан, во своите твитови повеќепати изрази претпоставка дека американската армија би можела да биде таа која го донесла новиот вирус во Вухан. Оттогаш Трамп го поврзува вирусот главно со Кина:

„Како што знаете Кина се обидува да каже дека е тоа предизвикано од страна на американски војници. Тоа не е можно да се случи. Такво нешто нема да се случи, не додека сум јас претседател. Тој (вирусот, н.з.) доаѓа од Кина.“

Повеќе:

Трамп нудел 1 милијарда долари за вакцина за коронавирусот

Коронавирус во САД: Кога човек не смее да се разболи

Корона-вирусот е опасен за кинескиот државен апарат

Коронавирусот – Крај на глобализацијата?

Трамп повеќепати тврдеше дека Кина во врска со вирусот молчела три, четири месеци. Кина, пак, и’ префрла на американската влада дека реагирала пребавно на избивањето на кризата. Порпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, освен тоа нагласува дека оној кој ја обвинува Кина, нема да добие заштитна опрема од Кина во текот на кризата со короната:

China Peking Sprecher Außenministerium Geng Shuang (picture-alliance/newscom/UPI Photo/S. Shaver)

Генг Шуан: Кинезите се лути

„Ако некој тврди дека ’Made in China‘ е отровно, може да престане да ги носи маските и заштитната облека произведени во Кина, И, да не користи респиратори кои ги извезла Кина.“

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Кина реагира исклучително чувствително на критиките на нејзина сметка. По еден коментар во Волстрит журнал со наслов „Кина е болниот човек на Азија“, од Кина пред еден месец беа протерани тројца дописници на овој американски весник. Образложението на кинеската влада гласи: коментарот е расистички и навредлив.

Трамп не смета дека неговите изјави се расистички и вели: „Воопшто не се расистички. Доаѓа (вирусот, н.з.) од Кина, ете зошто. Доаѓа од Кина.“

Во врска со тезата дека американската армија наводно намерно го однесла вирусот во Кина, меѓи кинеските дипломати владее невообичаена неединственост. Кинескиот амбасадор во САД, Чуи Тианкаи, рече дека е лудо да се шират вакви тези.

Сепак, пропагандната војна околу потеклото на коронавирусот не запира. Ова е нов конфликт помеѓу старата суперсила САД и земјата која сака да стане суперсила - Кина.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама