Пронајдена црната кутија од паднатиот авион во Украина | Свет | DW | 26.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пронајдена црната кутија од паднатиот авион во Украина

По падот на воен авион во Украина со десетици загинати, пронајдена е црната кутија. Воени експерти го истражуваат и местото на несреќата за да ги откријат причините за неа.

Авионот од типот Антонов АН-26 кој се урна во Украина, бил на обучувачки лет и во него се наоѓале офицери и кадети на украинската воена авијација. Местото на падот, во регионот Харков, е во близина на руската граница, но не во воената област во источна Украина. Првично две лица го преживеале падот, со тешки повреди, но подоцна едниот починал во болница. Во авионот се наоѓале 27 лица, од кои 7 членови на екипажот и 20 студенти на Универзитетот на воената авијација.

Воени експерти ја истражуваат локацијата каде се урна авионот заради разјаснување на причините за несреќата. Црната кутија се наоѓала во авионоти таа е пронајдена. Според досегашните сознанија, дошло до прекин на работата на сензорите на авионот во левиот мотор. Тој инаку бил произведен во 1977 година и бил користен за транзитни летови. На фотографии на социјалните мрежи непосредно по падот, се гледа трупот на авионот во пламен. Наскоро се појавија и видеа со изгаснати делови од опожарената машина расфрлани во ненаселена област. Дел од луѓето се јагленосани во огнот, што ја отежнува нивната идентификација.

Ukraine | Absturz Militärflugzeug AN-26 | Präsident Selenskyj

Украинскиот претседател Зеленски на местото на катастрофата

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го посети местото на трагедијата. Генералното обвинителство и истражна комисија веќе поведоа предистрага. Зеленски најави формирање посебна истражна комисија која ќе го води случајот. Освен тоа, претседателот побарал информации за вкупната техничка состојба на украинската воена авијација. Голем дел од опремата во украинската војска е застарен.

Најновата несреќа е тежок удар за украинската армија, чии припадници се борат во кризниот регион, околу 250 километри оддалечен од неа, против проруските сепаратисти. Од 2014 година наваму, според проценките на ОН, во конфликтот се убиени преку 13.000 лица. Украина и од Русија поддржуваните сепаратисти се обвинуваат меѓусебно за непридржување кон мировниот план.

 

Реклама