Промовиран новиот Ајфон 7 | Панорама | DW | 08.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Промовиран новиот Ајфон 7

Шефот на Епл, Тим Кук го претстави новиот модел на Ајфон. Новина е исфрлањето на аналогниот влез за слушалки, со што целосно се дигитализира пренесувањето на звукот. Новиот Ајфон е отпорен на вода и прашина.

Новиот Ајфон ќе има почетна цена од 649 американски долари. За верзијата „Ајфон плус“ ќе треба да се доплатат дополнителни 120 долари. Безжичните слушалки наречени „Ер подс“ ќе се продаваат по цена од 159 долари. Продажбата на новиот модел ќе започне на 16 септември.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама