Продолжуваат дводневните консултации на германската влада | Вести | DW | 24.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Продолжуваат дводневните консултации на германската влада

*

Германската влада денеска ги продолжи дводневните консултации околу нејзините програмски цели до 2009-та година . На вчерашниот прв ден советувања во Мезеберг во покраината Бранденбург беше договорена програма за заштита на климата . канцеларката Ангела Меркел и министрите притоа ја потврдија целта за намалување на емисиите на јаглрод диоксид до 2020 година за вкупно 40 проценти . „Ние сакаме да бидеме регион со најголема енергетска ефикасност во светот .“ – изјави министерот за заштита на животната средина Зигмар Габриел. Програмата за заштита на климата веќе оваа година ќе се најде на гласање пред Бундестагот.