Продолжено е Западнобалканското правило за работа во Германија | Информации и анализи за Германија | DW | 09.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Продолжено е Западнобалканското правило за работа во Германија

Германскиот Бундесрат денеска даде согласност за продолжување на т.н. Западнобалканско правило, кое истекуваше на крајот на годинава.

Deutschland Neubaugebiet in Freiburg

Потребата од работници во градежништвото е голема

Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, ќе можат, независно од формалната квалификација што ја имаат, да се доселуваат во Германија со цел да работат до крајот на 2023 година.

Западнобалканското правило, кое првично истекуваше на крајот на годинава, сега е продолжено за две години, но добива ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, и тоа на 25.000 годишно.

Германската влада оценува дека потребата од работници од Западен Балкан е голема, особено во градежништвото.

Гледај видео 05:32

„Во мало место е тешко“

Сојузната агенција за работа мора да даде согласност за работа на одредено лице. Таа проверува дали за одредено работно место има на располагање германски работници или работници од земјите од ЕУ, како и дали постојат еднакви услови за работа како и за Германците.

Во 2019 година властите издале 27.259 визи поврзани со Западнобалканското правило. Агенциите за работа, меѓутоа, дале согласност за работа за повеќе од 62.000 лица. Времето на чекање на визите е долго.

Гледај видео 02:52

„Не планирам да се враќам во БиХ“

Пратеничката на Зелените, Филиз Полат, ја критикуваше новововедената граница: „Иако очигледно постои потреба, има вештачко ограничување кое не може рационално да се објасни“, вели таа.

Бундесратот денеска го задолжи и Министерството за труд и социјала да продолжи со евалуација на Западнобалканското правило за периодот од јануари 2021 до декември 2023 година. Притоа се бара посебно да се продлабочи анализата на прашањето за вработувања со соодветна квалификација, како и квалитетот на условите за работа. Исто така, треба да се набљудува и како работниците се интегрираат во општеството.

Гледај видео 02:36

#DE_facto: Сѐ повеќе луѓе од Западен Балкан легално работат во Германија

Поврзана содржина

Реклама