Прогнози за изборите во Русија:Путин неприкосновен | Теми на денот | DW | 02.12.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Прогнози за изборите во Русија:Путин неприкосновен

Денеска Русите избираат нова Дума. Атмосферата е се друго само не демократска, тврдат опозицијата и странските посматрачи. За предизборната битка и доминацијата на партијата на Владимир Путин.

default

Путин зборува на телевизијата. Се друго освен дебело мнозинство за него би било неуспех

Критичките посматрачи уште пред денешните избори, сметаа дека исходот на парламентарните избори во Русија одамна е познат, резултатите предвидливи, а и оценката за предизборната битка единствена: не може да се зборува за слободни и фер избори. Претседателот на фондацијата „Фридрих Науман„, либералот Волфганг Герхарт оценува:

„Сосема е јасно дека опозицијата е спречена да се искаже. Не сите учесници имаат исти услови„.

Некои руски опозициони политичари, како поранешниот премиер Михаил Касјанов, воопшто нема да гласаат:

„Јас, моето семејство и пријателите нема да учествуваме на оваа имитација што ни е подготвена нам и на сите граѓани на Русија. За многумина е сосема јасно дека таканаречените избори се само имитација на демократските процеси. Учествувањето е штетно за иднината на нашата земја„.

Партијата на Путин е фаворит

На изборите учествуваат 11 партии, но само 4 од нив имаат шанса да влезат во новата Дума со нејзините 450 места, пред сите „Единствена Русија„ со првиот кандидат, претседателот Владимир Путин кој веќе сега во парламентот има комотно мнозинство. Прогнозите на неговата партија и предвидуваат 60 проценти од мандатите. Програмски содржини има малку, главно нејзините членови се повикуваат на говорите на претседателот. Цел на партијата е мнозинство за Владимир Путин.

И партијата „Праведна Русија„ со нејзиниот претседател Сергеј Миронов го поддржува претседателот, истовремено означувајќи се како левица што е социјално ориентирана. Кога станува збор за комунистите на Генадиј Зјуганов, досега втората најсилна партија во парламентот, тие страдаат поради престареноста на членовите и од намалување на членството, но се уште располагаат со стабилен потенцијал од околу 10 проценти.

Висок праг за влез во Думата

Не е јасно дали таканаречена либерално-демократска партија, збирштина на десниот популист Владимир Жириновски, има шанси да ја прескокне границата од 7 проценти. Нејзините досегашни пратеници во Думата најчесто гласаа според желбата на Кремљ - се тврди, за дебели пари. Од опозиционите партии ниту една нема шанса да влезе во парламентот. Освен поделбата меѓу нив, за ова има и други причини. На пример, законот за партии според кој на изборите можат да учествуваат само партии што во целата земја имаат најмалку 50 илјади членови, а клаузулата за влез беше покачена од 5 на 7 проценти. Директните мандати се укинати, па во новата Дума ќе влезат само оние од партиските листи. Оние што ќе ја напуштат партијата за време на мандатот, автоматски го губат местото во Думата. Кон тоа и систематската маргинализација на опозицијата во државните медиуми, односно едностраното известување за партиите на Кремљ. Значи, изборна битка во смисла на демократските принципи, немаше.

Russland Wahlen - Installation eines Wahlplakates der Partei Vereinigtes Russland in Grozny Tschetschenien

Претседателот Путин изборите за парламентот ги префункционира во референдум за неговата политика. Се друго освен дебело мнозинство за неговата партија, би било еднакво на лична и политичка катастрофа. За идната улога на Путин има различни шпекулации, вели политологот од Центарот Карнеги во Москва, Љиља Шевцова која има и сосема лична фантазија:

„Јас дури можам да замислам Путин да поднесе оставка и да се повлече на јахта со која ќе го обиколи светот„.

Поврзана содржина

Реклама