1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проблемот со името беше занемарен од Грција

Тони Гламчевски 30 јули 2013

Мариа Јанакаки пратеничка во грчкиот парламент од редовите на Демократската левица и член на грчката парламентарна делагација во Парламентарното Собрание на Советот на Европа за Дојче Веле зборува за проблемот со името

https://p.dw.com/p/19Guc
Фотографија: privat

„Вие добро го знаете одговорот, решението на прашањето со името не е услов, туку услов се добрососедските односи“, вели Јанакаки и притоа додава „Вие исто така добро знаете, дека ако нема решение кое се однесува на прашањето за името, тој услов за добрососедски услови не е исполнет за почеток на преговорите. Значи потребно е да започнат преговори со многу добра волја за да се најде решение „ерга омнес“ за името.“

Пратеничката Јанакаки исто така мисли дека проблемот со името не беше решен, бидејќи тој беше занемарен и од страна на Грција.

„Проблемот со името не беше решен, бидејќи тој беше занемарен и од страна на Грција. Во последниве три години, кои се годините на кризата, политичкиот живот на Грција беше концентриран на економските проблеми и ние не се интерсиравме многу за прашања поврзани со надворешната политика. Последнава година, како што добро е познато, нашата ситуација е подобра, иако проблемите не се решени, мислам дека е време да започнат преговори со добра волја од двете страни.“

На прашањето на ДВ, дали во Грција сега навистина постои волја за решавање на ова прашање, кое очигледно не и тежи на надворешната политика на Грција, бидејќи тоа нема некои директни последици за неа со оглед дека последиците се само за земјата која го има „проблемот со името“, пратеничката од регионот на Пиреја одговара:

„Да! Ама,Грција сака да има добри односи со сите свои соседи и ние сите земји од Балканот ги сметаме за соседи со кои живееме заедно од пред многу години и имаме многу заеднички нешта и затоа треба да се обидеме да ги решеме проблемите. Јас знам дека не е лесно да се решат проблемите. Но од страна на Грција на повеќе пати беше покажана добра волја, предложивме многу решенија, сега треба да ги зголемиме само нашите напори.“

Во случај да биде најдено решение за името меѓу двете влади, дали ова решение во актуелната политичка ситуација во Грција ќе биде лесно да се ратификува од грчкиот парламент, Јанакаки одговара:

Griechische Parlamentarier in Berlin Maria Giannakaki
Марија ЈанакакиФотографија: DW/P. Kouparanis

„Ако има едно решение, мислам дека тоа решение ќе биде во рамките на еден консензус. Можам да си замислам дека во една таква ситуација грчкиот парламент ќе го ратификува бидејќи ќе биде во духот на надворешната политика на Грција, која веќе подолго време се залага за сложено име.'

Решението на проблемот за името нема да биде сега

На прашањето дали набрзо може да се очекува решение на проблемот на името, таа одговара по кратко рамизлување:

 „Не. Се надевам дека ќе најдеме набрзо решение, но не сум оптимистка. Ова го мислам бидејќи потребно е да се согледа сегашнава ситуација во Грција, односно поради популизмот како тој на Златна Зора и затоа не верувам дека ќе имаме едно ако можам да кажам „прогресивно“ решение, односно решение кое ќе биде прифатено во денешните историски околности.“

Грчката парламентарка, Мариа Јанакаки на крајот  од разговорот смета дека е потребно конструктивно однесување за да се најде конструктивно решение, нагласувајќи дека актуечниот грчки премиер, кога беше шеф на дипломатијата го разгори прашањето со името, „сигурна сум дека премиерот Самарас се промени во однос на минатото, тогаш тој беше многу млад.“