Проблемите на Клинтон ги загрижуваат демократите | Свет | DW | 13.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Проблемите на Клинтон ги загрижуваат демократите

Кампањата на Клинтон се обидува да ги ублажи последиците од аферата со нејзиното здравје со најава за поголема транспарентност. Демократите се нервозни поради приближувањето на Трамп.

Хилари Клинтон ги информирала најблиските соработници за својата болест, но продолжила со кампањата не сакајќи да ја информира јавноста. „Не мислев дека од тоа ќе излезе голема работа“, изјави Клинтон синоќа во интервју за Си-Ен-Ен - прво откако беше откриена нејзината болест. Во неделата, на Клинтон ѝ се слоши за време на комеморацијата по повод годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Дури тогаш нејзиниот штаб призна дека Клинтон боледува од пневмонија и го откажа планираното патување во Калифорнија.

Во обид да ги анулира прашањата за нејзината транспарентност, Клинтон самата најави дека неделава ќе објави повеќе информации за нејзината здравствена состојба. Нејзината кампања се обидува да го спинува проблемот во правец на ривалот Доналд Трамп кој досега објави само кусо писмо од својот лекар, во кое се наведува дека тој е во одлична физичка кондиција. Но, и Трамп најави дека во следните денови ќе објави повеќе детали за својата здравствена состојба.

Несигурност кај демократите

На помалку од два месеца пред изборниот ден, проблемот со здравјето на Клинтон само ја зголемува несигурноста кај демократите во претседателската трка. Иако демократите тврдат дека проблемот веројатно нема да има клучно влијание врз претседателската трка, во истовреме се загрижени дека Трамп опасно се приближува.

USA Donald Trump in New York

Трамп ја намалува предноста на Клинтон

„Доколку погледнете како се одвиваа последните два месеца, чувството е дека кандидатите требаше да биде подалеку еден од друг“, вели Грег Хас, демократски стратег од Охајо и поранешен локален претседавач на партијата.
Арон Регунберг, конгресмен од Род Ајланд вели дека е „изненаден и загрижен“ што трката е толку тесна.

„Сѐ уште мислам дека ќе победиме, но мислам дека секој кој не е загрижен поради тоа што еден фанатичен социопат поддржан од ККК е толку блиску според анкетите, не живее во реалноста“, вели Регунберг за Трамп.

Решавачка дебата

Трамп покажа изненадувачка воздржаност во однос на здравјето на Клинтон. Ѝ посака брзо опоравување и не ги повтори ставовите кои претходно ги изнесуваше во однос на кондицијата и здравјето на Клинтон.
По кадровските промени во својот штаб во август, Трамп го напушти слободниот стил во кампањата кој предизвика многу контроверзи. Неговиот променет однос му донесе и успех во анкетите во кои опасно ѝ се приближи на Клинтон.

„Последниве денови донесоа чувство на несигурност“, вели Крис Кофинис, стратег на демократите. Лошиот викенд на Клинтон го подигнува влогот во пресрет на првата претседателска дебата закажана за 26 септември која „или ќе го уништи Трамп, или доколку мине добро, ќе донесе вистинска трка“.

Гледај видео 01:04
Now live
01:04 минути

Здравјето на Клинтон- нов пресврт во кампањата

Приватно, некои републиканци велат дека Трамп најверојатно ќе беше убедлив аутсајдер против некој друг демократски кандидат. Но непопуларноста на Клинтон е речиси на исто ниво како и онаа на Трамп, и таа досега не успеа да го промени мислењето на Американците кои ја сметаат за неискрена и таинствена.

Клинтон сѐ уште води на анкетите, најмногу поради тоа што Трамп има проблеми кај големи делови од електоратот, кај жените, црните, латиноамериканците и младите.

За некои демократи, приближувањето на Трамп во анкетите е и благослов, затоа што нивниот најголем страв е дека евентуалната голема предност на Клинтон би довела до опуштање кај демократскиот електорат.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама