Притвори „за секој случај“ | Северна Македонија | DW | 12.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Притвори „за секој случај“

Некој што си дал оставка на функцијата и се оддалечил од местото кое е поврзано со сомневањата на Обвинителството, нема можност за повторување на кривично дело

Притвор е еден од најчесто употребуваните зборови во македонското секојдневие. Во поделената јавност тој редовно го открива спектарот на страсти меѓу опонентски страни - „така треба, си доби заслужeн притвор“, по што следува честиот контра одговор - „и вам да ви се врати“.

Во општата врева најчесто се губат укажувањата на правната фела - дека притворот треба да се смета како најтешка мерка за обезбедување присуството на обвинетиот, и затоа, секогаш кога тоа ќе се оцени како оправдано - треба да се определи поблага мерка за обезбедување присуство.

Кривичниот совет денеска треба да решава по жалбата за 30- дневниот притвор на поранешниот Генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири,  откако неговиот бранител вчера поднесе приговор и побара укинување на таа мерка.

Дали беше неизбежен притвор?

На Зеќири му е изречена таква мерка минатиот петок, по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основите од член 165 став 1, точки 1,2 и 3 од Законот за кривична постапка (ЗКП)“, соопштија од Основниот кривичен суд.

Mazedonien, Muhamed Zekiri, Abgeordneter im Parlament

Зекири „избега“ единствено од функцијата

Посочените основи за определување притвор, се следни:

„(1) Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење

на кривичната постапка, против тоа лице може да се определи притвор, ако: 1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство; 2) постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите; 3) особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува“.

„Избега“ единствено од функцијата

Зеќири во петокот не се криеше. Не се даде во бегство, а единственото место од кадешто „избега“, беше неговата дотогашна функција - Генерален секретар на Владата. Некој што си дал оставка на функцијата и се оддалечил од местото што е поврзано со сомневањата на Обвинителството, нема можност за повторување на кривично дело за кое се сомничи.

Имено, откако обвинителството објави дека е отворена истрага, Зеќири многу брзо објави дека поднел неотповиклива оставка. Со тоа, го отфрли од себе плаштот „владин функционер“, оставајќи им на надлежните без каква било задршка да постапуваат по нивните наоди.

„Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност“, напиша тој.

Попладнето самиот дојде во Основниот кривичен суд во Скопје, во придружба со неговиот бранител.Основите за одредување притвор - дали постои ризик од бегство, можност за влијание врз истрагата или опасност од повторување на делото, многу често се прифаќаат по инерција, како „сигурно да ќе биде така“. Особено, кога станува збор за случаи во кои се инволвирани именувани функционери или лица од политички профил. И јавноста, и судството, како да станаа пресензитивни, што и не е за чудење, ако се има предвид каква врева се крена по бегството на бившиот премиер, Никола Груевски,  и на  бегалската „двојка“ од поранешната УБК.  Но, дали заради тие случаи постојано треба „да се дува и на матеницата“, што во пракса би значело – „за секој случај, притвор во секој случај“.

Опасноста од бегство не може да се мери, односно оценува само апстрактно, и исклучиво според висината на казната со која се соочуваат осомничените. Како основ за притвор, опасноста од бегство мора да биде конкретизирана со елаборирање на околности поврзани со личните и семејните прилики на лицето, со неговото однесување и со конкретни постапки и дејствија кои водат кон таков заклучок.

Се друго е импровизација. Токму за да не биде така, постојат поблаги мерки за обезбедување на присуство.