Принудна пауза за Трамп на Твитер | Панорама | DW | 03.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Принудна пауза за Трамп на Твитер

Па, што се случи? Твитер профилот на американскиот претседател Доналд Трамп привремено беше недостапен! Социјалната мрежа за кратки пораки се извини за грешката.

Корисниците на Твитер кои сакаа да го посетат профилот @realDonaldTrump добија порака за грешка дека страницата не постои. Сепак, набргу потоа, профилот повторно се појави.

Како причина за ненамерното деактивирање на профилот Твитер во подоцнежна изјава наведе „човечка грешка" на вработен во компанијата. „Профилот беше исклучен 11 минути, а потоа вратен онлајн", беше соопштено. „Ние продолжуваме да го истражуваме случајот и да преземеме чекори за да спречиме вакво нешто повторно да се случи". Подоцна Твитер објави дека нивната интерна истрага покажала дека на лицето кое го деактивирало профилот тоа му бил последен работен ден во компанијата. 

Нефилтрирано

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги користи социјалните мрежи повеќе од кој било друг политичар. Во некои денови тој испраќа преку десет кратки пораки, дел од нив со агресивен тон. Тој секогаш одново ги навредува политичките противници или неомилените медиуми.

Социјалната мрежа Твитер за време на предизборната кампања беше клучен дел на неговата комуникација. Трамп самиот изјави дека Твитер е најдобар начин да ги шири неговите пораки нефилтрирано. Неговиот во суштина приватен профил @realDonaldTrump во меѓувреме го следат речиси 42 милиони луѓе. Официјалниот претседателски профил @POTUS, кој Трамп ја користи поретко, не беше погоден од инцидентот.

DW.COM

Реклама