Признание за храбрите во корона-кризата | Теми | DW | 04.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Признание за храбрите во корона-кризата

Годинешната награда за слобода на говорот на ДВ им е доделена на 17 поединци од 14 земји ширум светот, кои известуваа за Ковид-19 и покрај тоа што се соочуваа со репресија...

Гледај видео 02:02

Кога поради пандемијата на коронавирусот не беше безбедно да се излегува  надвор, тие ги ризикуваа своите животи за да продолжат да известуваат. Додека владите вршеа притисок врз критичкото новинарство тие работеа да им обезбедат на луѓето точни информации. Годинава, Наградата за слобода на говорот на  Дојче веле е доделена на поединци ширум светот, кои известуваа за Ковид-19 и покрај тоа што се соочија со репресија. „Многу влади ја користат корона-кризата за да ги истуркаат автократските тенденции и да се борат против слободата на говорот. Слободата на печатот е во опасност низ целиот свет, не само во Африка, Азија или во Латинска Америка, исто така, и во Европа. И затоа го направивме ова на глобално ниво. Ова не е проблем само на една земја, тоа е наш проблем“, ја образложи одлуката генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург. 

Кои се годинешните лауреати на наградата прочитајте на следниов линк

Наградата инаку има за цел да ја потенцира важноста на новинарството во време на криза. „Сега, повеќе од кога било, ни се потребни информации и луѓето да имаат пристап до нив. На владите им се потребни информации за да донесат точни одлуки кои одговараат на реалноста на теренот. На јавноста, на сите нас, ни се потребни целосни и точни информации за пандемијата, за да бидеме вклучени во одлуките кои се донесуваат во наше име. Учеството во тие одлуки го зголемува разбирањето на луѓето и почитувањето на мерките кои се преземаат“, изјави за ДВ, Мишел Бачелет, Висок комесар на ОН за човекови права

Наградата за слобода на говорот на ДВ им оддава признание на личности или на иницијативи за нивната извонредна промоција на човековите права и слободата на изразување. Меѓу досегашните лауреати се и саудискиот блогер Раиф Бадави, 
иранскиот политички научник Садег Зибакалам  и мексиканската истражувачка новинарка Анабел Хернандез  

 

 

Прочитај го и ова