Претседателот на јужната, премиерот на северната граница | Северна Македонија | DW | 03.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Претседателот на јужната, премиерот на северната граница

Проверката на функионирањето на системот за превенција од евентуален мигрантски бран и од ширење на коронавирусот, го носат државниот врв во посета на две гранични премини

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска ќе изврши обиколка на припадниците на Армијата стационирани на јужната граница, а ќе го посети и Транзитниот центар кај Гевгелија кадешто се врши регистрација на мигрантите. Посетата се случува еден ден по состанокот на Управувачкиот Комитет за координација со системот за управување со кризи,  на кој уште во текот на вчерашниот ден било договорено да се зголеми бројот на припадници на полицијата и на Армијата распоредени на јужната граница. Исто така, биле потврдени и оперативните планови за дополнителен ангажман во случај на понатамошен раст на бројот на мигранти.

Само транзитирање

Од владината прес служба потсетуваат дека Република Северна Македонија има воспоставено таков систем уште од времето на претходната бегалска криза, и дека тој е подготвен и функционален да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како транзитна земја. Во 2019 година била продолжена кризната состојба на јужната граница, и согласно со таа одлука, сите институции кои имаат соодветни обврски во услови на зголемен притисок на нашите граници, таму го засилуваат своето присуство и ангажман. 

Повеќе:

-Пругата - лакмус за мигрантски бран: денес нема, но утре којзнае?

-ЕУ му веруваше на Ердоган, сега нема план „Б“ за бегалците

-Грците го губат трпението со бегалците: „Ова е инвазија!“

Од Владата уверуваат дека „со соодветно внимание ја следат ситуацијата и се во постојана комуникација со партнерите  од НАТО и ЕУ", а премиерот Оливер Спасовски упати смирувачки тонови до јавноста.

“Ние сме транзитна земја, и имаме два транзитни центра - Винојуг и Табановце. Ако дојде до какво било отворање на рутата односно зголемување на бројот на бегалци, тие низ Република Северна Македонија може само да транзитираат или да имаат времен престој до 72 часа“, рече Спасовски.

Тој изрази очекување дека договорот помеѓу ЕУ и Турција ќе продолжи понатаму да функционира и да се реализира.

Турција разочарана од ЕУ

Но, не влеваат таква надеж изјавита на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, дадени по вчерашната средба со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, во Анкара.

„Околу 1,5 милиони луѓе ги напуштија домовите во Идлиб, и чекаат на граница. Неодамна кажав, дека ако нема праведно споделување на бегалскиот товар, јас ќе ги отворам границите. Очекувањето тој проблем да биде споделен, не наиде на одговор (од ЕУ-н.з.). ЕУ и натаму промовира двојни стандарди. Некои од највидните држави на ЕУ го критикуваат односот кон бегалците. Па каде е праведната поделба на товарот со бегалците, ние ли да да го преземеме? И без тоа потрошивме над 40 милијарди евра. Ветија дека ќе испратат 6 милијарди евра, а тие пари немаше да одат во нашиот буџет, туку директно кон невладините организации. Сега ни велат: ‘Ќе ви испратиме една милијарда евра’. Кого залажувате вие? Ние тие пари повеќе не ги сакаме. Ќе ги најдеме тие средства. Никој нема право да си поигрува со достоинството на Турција“, порача Ердоган.

Тој обвини дека грчките војници дека на грчко-турската граница убиле двајца мигранти, а еден тешко раниле. Грчката влада тоа го окавалификува како ширење лажни вести  и ја обвини Анкара дека намерно ги пренесува мигрантите кон грчката граница. Борисов вчера го поканил Ердоган да дојде на состанок од поголем формат во Софија посветен на проблемот со мигрантите, но според медиумите, турскиот претседател потенцирал дека не сака да седи на иста маса со грчкиот премиер.

„Се надевам дека ќе организирам во Софија таква средба, колку побрзо, толку подобро. Му благодарам на претседатлот Ердоган што ја прими поканата, но и тој ме разбра, дека не може таа средба да помине без грчкиот колега. Господ, и нашиот, и вашиот, така не подредил – Бугарија, Грција и Турција да сме во еден регион“, изјавил Борисов на заедничката прес-конференција со турскиот претседател.

Двојна загриженост: мигранти и коронвирус

На средбата се разговарало и за друг актуелен проблем-коронавирусот, при што Борисов и се заблагодарил на Турција за соработката во борбата за справување со болеста, како и за очекуваната достава на заштитни маски за кои во Бугарија имало голем дефицит.

Повеќе:

-Стравот во медиумската сеприсутност

-Филипче: Критичниот период со коронавирусот е до 6 март

-Македонија (болна од страв) во време на коронавирусот

Проблемот со евенталниот мигрантски бран кон ЕУ деновиве интензивно се анализира и во контекст на опасноста за ширење на коронавирусот, заради евентуално масовна флуктуација на бегалци кои доаѓаат од подрачја со различен степен на ризик.

Превенцијата од коронавирусот ќе биде повод премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска да го посетат граничниот премин Табановце, за да се уверат како функционира системот за превенција на граничниот премин.
 

 

Реклама