Претседателот ги кани сите политички лидери за Илинден на Мечкин камен | Северна Македонија | DW | 30.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Претседателот ги кани сите политички лидери за Илинден на Мечкин камен

Стево Пендаровски од годинава најави нов концепт на прослава за 2 август. На прославата ќе дојде Али Ахмети, а поканет е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот Стево Пендаровски ги кани лидерите на сите политички партии за Илинден да дојдат на прослава во Крушево. Државниот врв најавува нов концепт за прослава на 2 август, за разлика од досегашните одделни чествувања на државниот празник. На поканата на Пендаровски за прославата позитивно одговорил лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот во Крушево го очекува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-повеќе на темата: Илинден - нов тест за македонцките работи

Пендаровски на брифинг со новинарите соопшти дека ја менува традицијата по 30 години со цел да се избегнат поделби. Идејата е сите политичари да дојдат во Крушево, да нема поделби и тоа да биде симболичен чин на обединување. Според досегашната пракса, празникот се одбележуваше во Крушево, Пелинце и во Скопје.

Годинава во Крушево нема да има говор на претседателот Пендаровски. Централната манифестација ќе се одржи во 18 часот наместо на пладне, со цел да можат да присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ќе оди на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце. Програмата ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест. Пораките ќе ги чита актерот Никола Ристановски, потоа ќе настапи Влатко Стефановски. По нив следуваат настапите на Танец, на Албанскиот ансамбл и на Воениот оркестар.