Пресуда против Русија во случајот Навални | Свет | DW | 09.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пресуда против Русија во случајот Навални

Одредувањето на десетмесечна казна домашен притвор за критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, било незаконско, одлучи денеска Европскиот суд за човекови права. Казната, според судот, била политички мотивирана.

Европскиот суд за човекови права пресуди денеска дека Русија ја прекршила Европската конвенција за човекови права со одредување на домашен притвор за лидерот на опозицијата Алексеј Навални во 2014 година. Навални на Истаграм веднаш ја поздрави одлуката на судот во Стразбур.

Во пресудата на Европскиот суд за човекови права се наведува оти „домашниот притвор не бил оправдан“ и дека е јасно оти цел било да се ограничат јавните активности на Навални.

Повеќе:

-Навални против Русија: Укор за Кремљ

-Непромислената постапка на Навални

Судот утврди дека во случајот на Навални се прекршени членовите 5, 10 и 18 од Европската конвенција за човекови права кои особено се однесуваат на слободата и на слободата на изразување.

„Победа“, порача денеска Навални, кој се смета за еден од најсериозните противници на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој изрази уверување дека пресудата ќе има значителни последици кога се во прашање сите оние кои во Русија постојано трпат поради арбитрарните одлуки.

Москва во 2014 година одреди домашен притвор на Навални, во рамки на истрагата против него и неговиот брат. Тој помина 10 месеци во домашен притвор.

Судот во Стразбур порано утврди оти руските власти прекршиле повеќе човекови права со притворањето на Навални 7 пати од 2012 до 2014 година.

DW.COM

Реклама