Препорака за укинување на речиси сите ковид-мерки во С. Македонија | Северна Македонија | DW | 27.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Препорака за укинување на речиси сите ковид-мерки во С. Македонија

Останува на сила задолжителното носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во домовите за стари лица.

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки за Ковид-19, освен задолжително носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во домовите за стари лица.

Вакцинацијата и понатаму останува најдобрата и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението, а до граѓаните се апелира  и понатаму да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата за заразни болести укажуваат дека на дневна основа ја следат состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки. 

Во изминатите 24 часа во Северна Македонија се регистрирани 89 нови случаи на коронавирус, при што нема починати. Од почетокот на пандемијата се потврдени 309.310 случаи на зараза. Бројот на оздравени лица е 299.539, починале 9.278, а моментално има 493 активни случаи.