Премиерот Заев за ДВ: Нема да дозволам отстапки од зацртаниот пат! | Северна Македонија | DW | 30.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Премиерот Заев за ДВ: Нема да дозволам отстапки од зацртаниот пат!

Ќе направам сѐ за да покажам дека нема нерешливи прашања. Дека има стотици креативни начини. Верувам дека сите мои соработници и сопатници на овој пат ќе го дадат својот најголем потенцијал, вели премиерот Зоран Заев

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е личноста што ја одбележа минатата година и стави крај на една тешка деценија за Македонија, што е огромен капитал, но и огромна обврска. Запрашан - дали тој политички капитал може да стане негова Ахилова пета, ако дозволи да го прокоцкаат лица кои влегуваат на одредени позиции далеку од стандардите на мерит системот, премиерот е дециден дека нема да го дозволи тоа.  

„Ќе тргнам од вашите констатации за политичкиот капитал и за обврската. Само сакам да додадам дека политичкиот капитал го добив од граѓаните на нашата земја. Тие препознаа дека нашите политички и општествени вредности се сретнаа во еден клучен момент за Република Македонија. Тој капитал си дојде заедно со обврските. Тоа е секогаш така. Во политиката ништо не се добива на вересија. Ќе добиеш толку, колку што граѓаните ќе препознаат во вредноста на твоите политички идеи, колку ќе се идентификуваат со твојот ентузијазам и во твојата подготвеност да демонстрираш јасна идеја и да поднесеш жртви за јавниот интерес. Во однос на моите соработници со кои заедно сме се впуштиле во овој наш голем потфат - да ги исполниме очекувањата на граѓаните и заедно да создадеме држава и општество достојни за сите граѓани, не ми останува друго освен да опстојам на уверувањето дека сите се подготвени за тој пат. Дека уште во стартот им е јасно што не очекува, и дека им е јасно дека треба да исполниме стандарди и критериуми кои ние ги баравме од нашиот опонент, заедно со граѓаните на нашата земја.

На овој пат инсистирав да ми се придружат оние со желба, одлучност и талент, оние кои се убедени и кои ме убедија дека можат да остварат најдобри можни резултати за граѓаните, за јавниот интерес, за општеството. Јас нема да дозволам отстапки од зацртаното и ќе барам исполнување на заеднички договорените обврски. Верувам дека сите мои соработници во владата и сопатници на овој пат, ќе дадат се од себе, својот најголем потенцијал. Тоа е прво што го очекувам од сите. Како второ, ми останува мојот личен пример. Ќе направам сѐ за да покажам дека нема нерешливи прашања. Дека има стотици креативни начини. Ќе направам сѐ за сите да препознаат дека државите што се водат од вредности, се демократски позрели и имаат повисоки стапки на економски раст“, вели премиерот Заев. 

Целото интервју за Дојче веле, во кое премиерот зборува за актуелните процеси и предизвици на внатрешен и надворешен план, ќе биде објавено на 1-ви јануари.

 

Реклама