Прекин на огнот во Источна Гута | Свет | DW | 27.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Прекин на огнот во Источна Гута

Во сирискиот бунтовнички регион Источна Гута оружјето ќе молчи секое претпладне. Прекинот на огнот стапи во сила изутринава. „Хуманитарната пауза“ би требало да овозможи доставување хуманитарна помош.

Населението во Источна Гута е во исклучително тешка состојба. Овој бунтовнички регион во Сирија е под опсада на владините сили од 2013 година. Минатата недела се водеа особено тешки борби. Сега, барем по неколку часа во денот, оружјето би требало да молчи. Така гласи наредбата на рускиот претседател Владимир Путин. Тој е еден од најважните сојузници на сирискиот властодржец Башар ал-Асад.

Според наводи на новинар на агенцијата Франс прес во Дума, најголемиот град во Источна Гута, релативно мирно било уште во текот на изминатата ноќ. Но, непосредно пред да стапи во сила прекинот на огнот, во осум часот изутринава по средноевропско време, повторно се слушал спорадичен артилериски оган.

Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, т. н.„хуманитарни паузи“ би требало да траат од 9 до 14 часот по локално време, со цел да „се избегнат цивилни жртви во Источна Гута“. Освен тоа, ќе бидат создадени и „хуманитарни коридори“ за на цивилите да им се воозможи бегство од регионот кој е под опсада. Болните и повредените би требало да бидат изнесени од регионот со автобуси и возила за прва помош. Населението ќе биде информирано за ваквите мерки преку летоци и СМС-пораки.

Прекинот на огнот е можност за жителите на Источна Гута да излезат од подрумите, каде се со денови. Во регионот се опколени околу 400.000 луѓе. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека само минатата недела во воздушните напади врз Источна Гута се убиени најмалку 550 цивили, од кои една четвртина - деца.

Syrien Damaskus - Ost-Ghuta nach Luftangriffen (Reuters/B. Khabieh)

Дума, Источна Гута, 25.02.2018

Според информацијата на агенцијата Франс прес, која се повикува на соопштение на руското Министерство за одбрана, сличен прекин на огнот би требало да има и во јужниот пограничен регион Ал Танф и Рукбан, во близина на границата со Јордан.

Повеќе:

Меркел бара крај на масакрот во Сирија

Изопачената војна во Сирија

Обединетите Нации ги поздравија најавите на Русија, но опоменаа дека треба целосно да се спроведе резолуцијата од викендот, која предвидува 30-дневен прекин на огнот ширум земјата. Русија, од своја страна, предупреди од опасноста од натамошно влошување на состојбата во сириската бунтовничка енклава. Министерството за надворешни работи во Москва соопшти дека три исламистички бунтовнички групи во регионот на маргините на Дамаск дејствуваат „под една заедничка команда“. Според официјална Москва, групите Џаиш-ал-Ислам, Ахрар ал-Шам и Ал-Нусра-фронтот во Источна Гута држат „стотици заложници, меѓу нив и жени и деца“.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM

Реклама