Предупредувања од ескалација на трговскиот конфликт | Економија | DW | 06.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Предупредувања од ескалација на трговскиот конфликт

По новите обвинувања од страна на претседателот Трамп против најважните трговски партнери на САД, за збор се јавија шефот на Светската трговска организација, како и претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги повтори своите вербални напади против најважните трговски партнери на САД. Во неговата Твитер-порака тој истакна дека пријатели и непријатели на неговата земја долго имале трговски предности на сметка на САД. „Нашите индустрии за челик и алуминиум се мртви“, напиша Трамп и порача: „Не попуштаме“.

Европската комисија меѓу другото најави дека утре ќе создаде предуслови за „брзо, јасно и сразмерно“ да може да реагира на евентуалните американски заштитни царини. Германската влада го поддржува ваквиот курс. И Кина се закани со противмерки за да ја заштити сопствената индустрија. И додека Трамп вели дека не очекува неговата одлука да предизвика трговска војна, шефот на Светската трговска организација Роберто Азеведо предупреди дека последиците можат да бидат глобална ескалација на трговскиот конфликти и рецесија на светската економија. Трамп минатиот четврток најави дека ќе воведе казнени царини на увозот на челик и на алуминиум.. За челикот царинската стапка треба да изнесува 25 проценти, а за алуминуимот 10%.  

Schweiz | WTO-Generaldirektor Roberto Azevedo (picture-alliance/dpa/KEYSTONE/S. Di Nolfi)

Роберто Азаведо

Повеќе:

-Јункер за увозните царини: Толку глупави можеме да бидеме и ние

-Трамп ризикува трговска војна со Европа и Кина

-Триумфот на Кина, последица на безглавоста на САД

Критика за плановите на Трамп доаѓа и од сопствените редови. „Ние сме загрижени околу последиците од можна трговска војна и ја молиме Белата куќа да не ги спроведува овие планови“, изјави портпаролката на претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот, републиканецот Пол Рајан (насловна фотографија). Советникот за трговија на Трамо, Питер Наваро во едно телевизиско интервју навести дека би можело да има исклучоци онаму каде што тоа им е потребно на САД за да може да се одвиваат бизнисите. Тој меѓутоа не го образложи подетално тоа. Американскиот министер за трговија Вилбур Рос претходно ги распрска надежите на поединечни трговски партнери за исклучоци од заштитните царини. 

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM