Предпразнично 83.000 граѓани со блокирани сметки | Економија | DW | 26.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Предпразнично 83.000 граѓани со блокирани сметки

Во очекување на законските измени, извршителите и натаму „хараат“. Ќе воведе ли ред и праведност решението што го подготви државата?

Изменетиот Закон за извршување е готов, но сѐ уште чека да на усвојување во Парламентот. Предлог решението кое според најавите треба да донесе поволности за доверителите, должниците и извршителите, а пред сѐ за ранливите категории граѓани, заглави на второ читање во процедурата во Законодавниот дом. Измените на законот Владата ги претстави како интервенција за потребите на сите граѓани, но најмногу за сиромашните кои и најмногу се заглавени во долгови: 

„Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не големи и енормни. Во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци ќе бидат ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност, а нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари“, изјави премиерот Зоран Заев на крајот на септември, кога беа презентирани законските измени.

„Сите го чекаме законот“

Но оттогаш, работите се заглавени, а зошто - никој не прецизира. Граѓанските организации кои инсистираат на воведување ред во оваа дејност се револтирани. Реагираат дека непотребно се чека со усвојување на измените во услови кога огромен број граѓани мака мачат со блокирани сметки:

„Сите го чекаме новиот закон, но тој никако да се усвои. Се најавуваше во првите 100 дена од новата Влада, исто како и со екстерното, но еве тој сѐ уште не се носи. Предлогот е добар и предвидува намалување на тарифникот за извршителите, а се исфрлаат адвокати за некои предмети. Но зошто се чека? Револтот кај граѓаните е голем, па погледнете само - 83.000 сметки се блокирани од извршители по разни основи. Затоа мора да се реагира бргу“, реагира Маријан Ристевски од граѓанската иницијатива „Стоп за извршителите".

Од Министерството за правда велат дека законот е готов и е на второ читање во парламентот. Очекуваат тој да биде усвоен, но кога точно зависи од пратениците. Оттаму велат дека е клучно што со законот се дава можност државата да интервенира во тарифникот за наплатата на извршителите со што драстично ќе се намалат трошоците за граѓаните. Државата одлучи да ги регулира цените“, објаснуваат од Министерството за правда.

Со предлог измените се предвидува во постапките пред извршител дури 16 ставки за кои се наплаќаат трошоци целосно да станат бесплатни. Намалени се и наградите за извршителите и при извршување на платни налози за комунални трошоци наградата не може да биде повисока од 20 отсто од висината на главниот долг. Тие се ограничени за нотарите до 10 отсто, а кај извршителите до 20 отсто.

Mazedonien Schaltergeschäft in einer Bank in Skopje (DW/P. Stojanovski)

Револтот кај граѓаните е голем, велат од од граѓанската иницијатива „Стоп за извршителите“

„Затезната камата е огромна“

Сепак, и со новото законско решение, останува, односно не се брише т.н. „затезна“ камата. Граѓанските организации инсистираат ова да се промени заклучно со периодот на носењето на законот. Оваа мерка сметаат дека ќе помогне во ефикасна наплата на долговите и ќе го смири социјалниот немир кај граѓаните: 

„Огромен проблем е што останува 'затезната' камата. Да, ќе се намалат наградите за извршителите кои на пример за долг од 5.000 денари ќе земаат по 1.000 денари и тоа е во ред. Но каматите се огромни. За сметка од 1.000 денари таа достигнува 10.000 денари и тоа е премногу. Ние укажавме и бараме тоа да се промени, да се укине затезната камата, но тие се вадат дека тоа било регулирано со законот за облигациони односи. Па нека го сменат и него, па потоа нека прават измени во законот за извршување", реагира Ристевски.

Од Министерството велат дека не може да се одговори на ова барање, бидејќи е регулирано со друго законско решение, односно со законот за облигациони односи.

Повеќе: 

Извршителите над законот - ќе им застане ли некој на патот?

Омбудсманот и извршителите во судир поради поплаките на граѓаните

Дали извршителите им наплатуваат премногу на граѓаните?

Инаку државата веќе интервенираше во делот на казнените камати. Со законско решение се овозможи бришење на каматите по основните долгови постари од 2011 година. Со него Градските и јавните претпријатија беа должни да го направат отписот на каматите. За приватните пак, со законот е оставена можност, доброволно да одлучат како ќе постапат. Граѓанските организации реагираат дека вака поставен, законот бил дискриминаторски и проблематичен:

„Вака убаво звучи, супер е отпис на камати, но тоа да го направеа од 2010 па наваму. За годините кога навистина има напластено камати на долгови. Но тие тоа го сторија до 2011, до кога извршителите ги имаат земено предметите од суд. Но проблемот е што сите тие предмети се застарени и нерешени во судовите. Сега тие практично се легализираат и отвораат можност на доверителите и извршителите да ги наплатат без камата, но со плус 20% за нотари и адвокати. А сите сме сведоци на јавни алармирања и тврдења дека огромен дел од предметите се антидатирани само за да се процесуираат и да се наплатат. Тоа е криминал и затоа тврдиме дека овие предмети се застарени и требаше да се фрлат во отпад. Звучи иронично, но погледнете какви предмети со милионски суми застаруваат по судовите заради политика, а за вода и ѓубре не“, реагира Ристевски.

Symbolbild Bürokratie /Papierstapel (Fotolia/kristall)

Се полемизира околу бројот на застарени предмети

Проблеми и хаос 

Од комората на извршители не коментираат ништо во очекување на новото законско решение. Последно што јавно го споделија е дека очекуваат од законските измени да бидат задоволни сите засегнати страни. Извршителската дејност во Македонија е воведена пред една деценија со цел да се обезбеди ред, стабилност и сигурност во наплатата на долговите. Но освен ова, јавноста стана сведок и на еден куп проблеми и состојби на хаос, во кој заглавија голем број граѓани и фирми.

Сѐ уште се актуелни застарени сметки кои од 100 денари, пораснале на по 12.000 денари. Низ целиот овој период јавноста предупредуваше дека законското решение многу често се спроведува незаконски. Најзасегнати по правило се граѓаните од чии сметки секоја година се симнуваат по десетици милиони евра по основ на наплата на долгови. Лани, оваа сума изнесувала 32 милиони евра. Или вкупно 177 милиони евра, заедно со правните лица. Секоја година расте и бројот на граѓаните кои се жалат дека воопшто и не добиле известување дека имаат проблем со извршителите. Дури и социјални случаи кои со претходните законски измени без изземени од ваквиот начин на наплата на долговите.

Во извршителските канцеларии во Република Македонија вработени се над 600 лица. Досега, според податоците, тие реализирале 400 илјади извршни исправи вредни една милијарда и 102 милиони евра.

DW.COM

Реклама