Предмет на ЈО за говорот на омраза кон Грција | Северна Македонија | DW | 25.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Предмет на ЈО за говорот на омраза кон Грција

Катастрофалните пожари во Грција поттикнаа серија апели за поддршка и помош во Македонија, но и многу говор на омраза на социјалните мрежи. Обвинителството сега ќе ги испитува тие наводи

Основното јавно обвинителство од Скопје, по допрен глас, оформи предмет во врска со бројните постови и коментари на социјалните мрежи, кои содржеа расистички и ксенофобични ставови во однос на катастрофалните пожари во Грција. Постовите на социјалните мрежи се насочени кон пожарите во близина на Атина кои досега однесоа 80 човечки животи.

Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање дејства со цел обезбедување докази за предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата што преку објавување написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза.​

Griechenland, Athen: Großbrand in Griechenland (picture-alliance/dpa/G. Zachos)

Пожарите во Грција направија пустош во регионот на Атина и однесоа 80 човечки животи

Социјалните мрежи во Македонија деновиве беа преплавени со реакции во поддршка на грчките граѓани и апели за помош. На спротивната страна имаше и многу говор на омраза и навреди. Во тоа предничеше водителот Миленко Неделковски, но и некои други корисници на Фејсбук.

Владата и Градот Скопје веќе издвоија финансиски средства за помош на настраданите во Грција.

DW.COM

Реклама