Предвремено враќање на долгови
11 април 2007Македонската влада одлучи предвреме да врати 137 милиони долари од долгот кон Светска Банка и Европската Инвестициска Банка . Македонскиот премиер Никола Груевски денеска соопшти дека на овој начин се испраќа сигнал до глобалните финансиски пазари дека Македонија врти нова страница во економската политика . Предвременото исплаќање на дел од долгот кон овие финансиски институции ќе биде извршено со пари од девизните резерви кај кои има пораст над проекциите- рече премиерот
Со предвременото враќање на долгот инаку се заштедуваат 37 милиони долари што Македонија требаше да ги исплати како камати за долгот до 2021 година . Заштедите ќе бидат пренасочени во други развојни проекти –порача премиерот Груевски, кој најави дека владата размислува и за предвремен откуп на долгот и од Меѓународниот Монетарен фонд .