„Прв чекор“ кон зацврстување на мирот во Колумбија | Свет | DW | 29.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Прв чекор“ кон зацврстување на мирот во Колумбија

Колумбискиот парламент доцна ноќеска (28.12.2016) го усвои законот за амнестија за припадниците на бунтовничката организација ФАРК.

Станува збор за прв чекор во примената на мировниот договор меѓу бунтовниците на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) и колумбиската влада по 52 години вооружен конфликт.  Гласањето во дводомниот колумбиски Конгрес, претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос го означи како „историско“. Законот доби 69 гласа од пратениците во Сенатот во Богота, кои брои 102 члена. Претходно во Претставничкиот дом законот беше прифатен со 121 глас. Гласови против немаше, но затоа имаше многу воздржани.

 „Првиот чекор кон зацврстување на мирот е остварен со усвојување на законот за амнестија“, рече претседателот Сантос, кој годинава ја доби Нобелова награда за мир поради залагањето во решавање на овој конфликт.

Законот е усвоен според мировниот договор потпишан на 24. ноември со што е завршен конфликтот во кој загинаа над 220.000 луѓе.

Friedensnobelpreis 2016 an Juan Manuel Santos, Präsident Kolumbien - Preisverleihung in Oslo

Колумбискиот претседател, Хуан Мануел Сантос на годинешното доделување на Нобеловите награди

Герилците се симнуваат од планините

Текстот на законот предвидува амнестија за герилските борци на ФАРК.  Законот е усвоен според мировниот договор потпишан на 24. ноември. Оттогаш околу „5700 герилски борци започнаа да ги напуштаат планините и да го предаваат своето оружје“, изјави претседателот на Сенатот Маурицио Лизкано спроти гласањето за законот за амнестија. Исклучено од амнестијата се борците, кои се обвинети за злосторства против човештвото, масакри или злоставувања.  Со мировниот договор треба да му биде ставен крај на најдолгиот вооружен конфликт во Латинска Америка во кој животот го загубија преку 200 илјади луѓе.

Герилското движење ФАРК инспирирано од марксизмот и ленинизмот започна како земјоделска заедница со залагање за поголеми права и контрола над земјата.

ФАРК е основан 1964. година како вооружено крило на Комунистичката партија, но полека почна да се финансира со кражби и изнуди, како и оданочување на трговијата со наркотици, но и со нивно производство и дистрибуција.

Договорот за прекин на огнот е постигнат откако силите на безбедност ја засилија борбата против ФАРК и многу герилски лидери беа убиени.

 

DW.COM

Реклама