Први реакции од Берлин по нападот во Минхен | Свет | DW | 23.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Први реакции од Берлин по нападот во Минхен

Многумина политичари од Берлин ја искажаа својата потресеност од настаните во Минхен преку социјалните мрежи. Министерот за внатрешни работи ја прекина посетата на САД и се врати во земјата.

Веста за нападот во Минхен го затекна политички Берлин во првата недела од летната пауза. Но, набрзо по првите извештаи од главниот баварски град, членовите на владата се собраа за заеднички да ги следат настаните и да бидат во контакт со надлежните министерства. Во вакви случаи, тоа се обично министерствата за внатрешни работи, правда, надворешни работи и одбрана.

Канцеларката Ангела Меркел лично не беше во својот кабинет, но надлежниот министер Петер Алтмајер во интревју за АРД изјави дека таа е во тек со се‘ што се случува.

Bundesinnenminister Thomas de Maiziere

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезие

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезие беше на пат за САД. По слетувањето на авионот во Њујорк, тој нареди директен лет за назад во Германија. Во Берлин беа извршени подготовки за делување во кризна ситуација. Алтмајер денеска ќе се состане со Сојузниот совет за безбедност кого го сочинуваат претставници на релевантните министерства. На прашањето дали е во прашање тероризам, Алтмајер изјави: ниедна хипотеза не е исклучена, тоа е дел од полициската работа.

Реакции на социјалните медиуми

Првите коментари на социјалните медиуми стигнаа многу брзо. Додека ситуацијата во Минхен беше нејасна, официјалните изјави беа воздржани, се избегнуваа шпекулации.

Сојузната влада на Германија на Фејсбук: „Нашите мисли се со жртвите од ужасниот напад во Минхен. Имајте разбирање што не сакаме да даваме пребрзани ставови и не сакаме да се занимаваме со шпекулации.“

Министерството за внатрешни работи на Твитер: „Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства. На полицијата во Минхен и на сите служби им посакуваме многу сила.“

Генералните секретари на ЦДУ и на СПД, Петер Таубер и Катарина Барли: „Страшни вести од Минхен.“ Барли ја пофали полицијата за добрата работа во баварската престолнина.

Слично реагираше и шефот на СПД и вицеканцелар , Зигмар Габриел:

Доцна вечерта стигнаа реакции и од германскиот претседател Јоахим Гаук: „Убиствениот напад длабоко ме потресе. Во мислите сум со жртвите и со сите кои тагуваат или стравуваат за своите најмили“.

Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајмнајер се заблагодари на солидарноста од цел свет: „Добро е да се знае дека нашите европски пријатели и нашите меѓународни партнери се со нас:“

Поврзана содржина

Реклама