Први проекти на “Сименс“ во Македонија наредната година? | Економија | DW | 02.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Први проекти на “Сименс“ во Македонија наредната година?

Сименс дојде во Македонија со конкретни проекти вредни меѓу 80 и 90 милиони евра и нивната реализација ќе стартува во 2007-ма, тврди за Дојче Веле вицепремиерот за економија, Зоран Ставревски кој вчера попладне во Скопје се сретна со претставниците на германскиот електронски гигант.

default

“Зависно од тоа како ќе се развиваат работите таа почетна инвестиција може таа да се зголемува или намалува. Очекувам во 2007 да ги имаме првите проекти“, најавува вицепремиерот, Зоран Ставревски.

Согласно најавите од Берлин од пред десетина дена, кога

македонскиот премиер Никола Груевски се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, тимот на Сименс наредните недели ќе ги разгледува можностите за инвестиции во Македонија.

Ставревски вели дека Германците се заинтересирани за повеќе сектори.

“Тие се заинтересирани за инвестирање во развој на софтвер било преку купување на постоечка фирма било преку развој на нова фирма. Истовремено разговаравме за продолжување на соработката во делот на транспортот односно обезбедување на железничките премини, како и за финансирање на одредена опрема во здравството“.

Владата е подготвена да набавува производи од палетата на Сименс, но очекува електронскиот гигант да отвори нови капацитети и работни места во Македонија. Стручњаците на Сименс ја разгледувале можноста со охридски “Емо“ да формираат заедничка компанија за прозводство на софтвер.

Досега најавите дека Сименс ќе влезе во Македонија се сведуваа на испитување на теренот и овдешните закони, како и на неколку необврзни и протоколарни договори кои беа потпишани минатата и оваа година. Ништо конкретно. Вицепремиерот Ставревски, уверува дека овој пат нема да биде така.

“Верувам дека имаме добра платформа за да дојде до таа инвестиција“..

Германија барем досега не може да се пофали со позначаен обем на директни инвестиции во Македонија, што е спротивно на состојбите во трговијата. Додека германските компании се охрабрат и се решат да отворат бизнис во Македонија, Германија останува најзначајниот трговски партнер со избалансирана размена од околу половина милијрда долари годишно.