Првиот „роботски“ ресторан во светот | Панорама | DW | 23.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Првиот „роботски“ ресторан во светот

Во Пекинг деновиве беше официјално отворен првиот целосно автоматизиран ресторан, со роботи како готвачи и келнери.

Хајдилао, познат кинески синџир на ресторани, ги здружи силите со јапонскиот технолошки гигант Панасоник за да отвори ресторан каде што роботи примаат нарачки, ги подготвуваат и ги служат јадењата.

Во ресторанот, шест хуманоидни роботи може да се видат како движат меѓу кујната и салата за јадење.

Како изгледа во ресторанот погледнете во следново видео:

Гледај видео 00:35

Роботи како келнери и готвачи

Откако гостите компјутерски ќе ги достават своите нарачки, на роботите им требаат помалку од 10 минути за да ги послужат јадењата. Човечкиот персонал се вклучува во работата само кога роботите се премногу зафатени или кога се нарачуваат одредени специфични јадења со мраз.

Не е изненадување што оваа уникатна понуда веднаш стана атракција како за Кинезите, така и за туристите.  Гостите во ресторанот велат дека се прилично  задоволни од услугата, но оти им недостасува личниот елемент.

„Интересно е да се видат роботите кои ја служат храната. Единствена слабост е тоа што роботите не можат да разговараат со гостите, а нивната услуга е прилично едноставна. А традиционалните келнери треба да се грижат за клиентите и за овие роботи, дури и кога има толку многу гости. Така го зголемува обемот на нивната работа ", вели една гостинка во ресторанот. Шо се однесува на роботите, тие сѐ уште се во рана фаза на развојот, а иднината изгледа светла.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама