Прва жртва во страшните пожари во Калифорнија | Свет | DW | 08.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Прва жртва во страшните пожари во Калифорнија

Властите на Калифорнија спроведуваат евакуација на преку 200 илјади луѓе чии животи и имот се загрозени од четирите големи пожари, кои и натаму се шират на потегот од Лос Анџелес до областа Вентура.

Во големите шумски пожари во американската сојузна држава Калифорнија загинало едно лице. Телото на неидентификуваната жртва било откриено во текот на ноќта, соопштија властите во областа Вентура во јужна Калифорнија. Повеќе од 4000 пожарникари и натаму продолжуваат да се борат со огнената стихија, која им се заканува и на илјадници куќи во поширокиот регион на метрополата Лос Анџелес, меѓу нив и на вилите на многу холивудски ѕвезди во населбата Бел Ер. Во стотици училишта во Лос Анџелес не се одржува настава а за сообраќај се затворени неколку патишта. Околу 40 илјади хектари земја и 150 објекти изгореа на околу 90 километри северозападно од Лос Анџелес.

Повеќе од 230 илјади луѓе веќе мораа да ги напуштат своите домови поради пожарите.

Гледај видео 00:49

Огнен пекол во Калифорнија

Според наводите на калифорниската противпожарна служба силните ветришта и натаму ги попречуваат активностите во гасење на пожарите. Службата ги повика жителите на загрозените подрачја на зголемена претпазливост. „Тие мора во секој момент да бидат подготвени за евакуација“, беше соопштено од страна на калифорниската противпожарна служба.

Пред неколку недели, во пожарите кои избувнаа во северна Калифорнија страдаа 44 лица а уништени беа близу 9000 куѓи и згради.

     

  

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама